Претседателот Мицкоски оствари средба со амбасадорот на Кралството Холандија во Република Македонија, Дирк Јан Коп

Соопштение до јавноста

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денеска (01.10.2019) оствари средба со амбасадорот на Кралството Холандија во Република Македонија, Дирк Јан Коп.

На средбата се разговараше за актуелната политичка и економска состојба, но и за стратешките и реформски процеси кои се од големо значење за иднината на Република Македонија.

Мицкоски го информираше холандскиот амбасадор за низата на корупциски скандали во кои се инволвирани претставници од власта, но и СДСМ. Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ потенцираше дека е потребна брза и ефикасна разрешница на случајот Рекет 1 и  Рекет 2 во која сите инволвирани ќе одговараат за стореното.

Соговорниците се согласија дека владеењето на правото е клучно за иднината на Република Македонија пред се поради остварување на стратешкиот интерес на државата за добивање на датум за преговори со Европската Унија и нашето членство во Унијата.

Мицкоски истакна дека од огромно значење е помошта и поддршката на Кралството Холандија за Македонија во сферата на реформи во правосудството, јавната администрација и владеењето на правото, но дека е потребна власт која сериозно ќе се зафати реформите за остварување на  стратешка определба  на ВМРО-ДПМНЕ и Република Македонија за членство во Европската Унија.

 

Со почит,
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

WordPress › Грешка

The site is experiencing technical difficulties.