Одбиен амандман за доизградба на обиколницата во Демир Капија- СДСМ не сака ни да ги доврши проектите на претходната власт

Пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ, Павлинче Честојнова на денешната Собраниска седница на комисијата за финансирање и буџет со амандман на ребалансот на буџетот побара да се обезбедат средства во висина од 10 милиони денари за да се завррши изградбата на обиколницата кај Демир Капија.

-Со амандманот се предлага да се обезбедат средства во висина од 10 милиони денари за довршување на обиколницата во Демир Капија и ставање во функција на новоизградениот мост на реката Гошава, вели пратеничката во своето образложение на амандманот.

Амандманот на пратеничката експресно беше одбиен од заменик министерката за финансии Ширет Елези по што збор повторно зема Честојнова.

Таа потенцираше дека обиколницата е од големо значење за граѓаните на Демир Капија и доколку не биде довршена во брзо време истата ќе се уништи па ќе треба да се прави одново.

-Министерке можеби не ме свативте, но овде со овој амандманбарам да се овозможат средства за довршување на веќе започнатата обиколница во Демир Капија. Почнувајќи од клучката пред Демир Капија и ставање во функција на новоизградениот мост на реката Гошава. Значи не патот од Неготино до Демир Капија. Оваа обиколница е започната и во голема мера е направена од претходниот градоначалник односно од црквата до мостот како и самиот мост се веќе направени, но тука е цела работа застаната. Новиот градоначалник од стапувањето на функција до денес нема направено ништо, а се останати само уште 500-тини метри од клучката кај хотелот до црвката. Потребно е осветлување на мостот и поврзување на мостот односно асвалтирање и негово поврзување со улицата Наум Наумовски. Доколку брзо не се реагира и не се направи оваа обиколница и тоа што е направено ќе биде уништено така што потоа ќе биде потребна комплетно нова обиколница, вели Честојнова.

Поврзани вести

Мицкоски до просветните работници: Заев не ја зголемува вашата плата, туку ви одзема од вашата плата која ви е гарантирана со закон и колективниот договор во образованието

Интегрален текст од видео обраќање на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани наставници и...

Арсовски: Цели 5 месеци Русковска, Јовевски, Заев си играат со интелигенцијата на граѓаните и се обидуваат да го прикријат најголемиот криминален скандал во Македонија

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...

Кирков: Негрижата и масакрот на било кое животно користејќи дури и единици на Армијата на Република Македонија е само одлика на владеењето на Влада кон заштитата на животинскиот свет

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Стефан Кирков Почитувани, Пред само 3...

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ ,Христијан Мицкоски оствари средба со Комесарот за европска соседска политика и преговори за проширување на Европската Унија, г. Јоханес Хан

Соопштение до јавноста Почитувани, Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ проф-др Христијан Мицкоски денес оствари средба со...