Димче Арсовски, портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ во денешното гостување во емисијата Само Вистина побара од Костадин Костадинов, пратеник и портпарол на СДСМ да одговори зошто тој не бил во Јавното обвинителство за организиран криминал да даде исказ за случајот Рекет и да објасни во какви реалции е со првоосомничениот Бојан Јовановски.

Дали за случајот Рекет вие дадовте исказ во обвинителството, бидејќи поранешниот ваш генерален секретар Кирацковски ги повика сите функционери кој на некој начин имаат потреба да отидат и ли биле во комуникација со Бојан Јовановски да отидат самите доброволно да дадат исказ во обвинителството. Па, дали ти отиде, го праша Арсовски.

На што Костадинов немаше конкретен одговор и кажа дека доколку е потребно ќе отиде, на што Арсовски му одговори дека истрагата веќе е затворена.

Отиде или не? Во интерес на истрагата требало да одиш да дадеш исказ чисто во какви релации си бил со Боки 13, му порача Арсовски.