Јавно прашуваме дали е точно дека новиот купувач на градската куќа е однапред познат?

Интегрален текст од изјава за медиуми на Ирена Попова, советник во Советот на Град Скопје

Почитувани,

Проблемот не е тоа што градската куќа е фрлена на страна, туку тоа што постои сомнеж дека Шилегов е фрлен на провизии и криминали.

Шилегов кој инаку треба да биде Градоначалник на сите Скопјани со објаснувањето дека градската куќа била фрлена на страна и затоа ја продава, изврши поделба и навреда на граѓаните, делејќи ги на ониe кои се близу центарот и сите останати кои како што вели тој се фрлени на страна.

Но која е вистината?

Зградата зад мене е одалечена само стотина метри од Владата на Република Македонија, и 400 метри од плоштадот „Македонија“. Што значи дека проблемот не е далечината туку тоа што Шилегов е фрлен на сомнеж за провизии и криминал.

Јавно прашуваме дали е точно дека новиот купувач на градската куќа однапред се знае?

Времето ќе покаже дали се вистина тврдењата дека Шилегов има направено веќе бонбона бизнис со една компанија од странство?

Дали е точно дека веќе во игра е зградата на поранешното ЕСМ, и дали се во прашање провизии?

Зошто Шилегов новиот купувач освен градска куќа по багателна цена ќе го части со гратис државно земјиште и нула денари комуналии?

И дали со тоа што Шилегов дополнително инвестираше 3 милиони евра за финализирање на градската куќа, за која сега вели дека е промашен проект, не го оштети буџетот со цел да оствари корист за новиот купувач?

Наместо криење од јавноста, очекуваме одговори.

Две години Шилегов.

Две години лаги, криминал и неработа.

 

Поврзани вести

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ поднесе иницијатива да се достави Законот за ратификација на Северно-атланскиот договор и на Пристапниот протокол за членството на Грција и Турција во Северно-атланската Алијанса (НАТО)

Интегрален текст од изјава за медиуми – Никола Мицевски, координатор на  ВМРО-ДПМНЕ во Собранието...

Мицкоски: Аферата Кеш го уклучува алармот за борба против криминалот, ќе поднесеме Закон за потекло на имот на политичари, бараме итна истрага за делувањето на обвинители и судии

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...

Мицкоски до просветните работници: Заев не ја зголемува вашата плата, туку ви одзема од вашата плата која ви е гарантирана со закон и колективниот договор во образованието

Интегрален текст од видео обраќање на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани наставници и...

Арсовски: Цели 5 месеци Русковска, Јовевски, Заев си играат со интелигенцијата на граѓаните и се обидуваат да го прикријат најголемиот криминален скандал во Македонија

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...