Фирмата „Пауер АД“ во која косопственици биле Заеви преку фирмата„Еленица“ добила грант од Фондот за криминални иновации 

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ

Почитувани,

Република Македонија блеска само по скандалите на СДСМ. Блеска криминалот, блеска корупцијата и блеска испумпувањето на парите на граѓаните во фирмите на функционерите на СДСМ и власта.

Скандал до скандал секој ден. Фирмата „Пауер АД“ во која до 7 август 2018 косопственици биле Заеви преку фирмата „Еленица“ која што иста е во нивна сопственост добила грант од Фондот за криминални иновации стотици илјади евра. Нормално, од Фондот молчат и не кажаа на нашето прашање, не одговорија колку точно пари добила фирмата и за каков проект. Молкот е потврден одговор дека се испумпани пари на граѓаните кај блиски луѓе на Зоран Заев.

Сега фирмата со цел назив кој што беше нормално и скриен претходно „ПАУЕРАД ИНТ“ ДООЕЛ Струмица се води на име на Митко Христов кој до лани бил косопственик на Заеви и основач на истата фирма. А, како нејзин промотор се јавува синот на Митко Христов, Петар Христов.

Затоа, еве ние ќе и соопштиме на јавноста, фирмата „Пауер АД ИНТ“ од Струмица во која косопственици беа Заеви со „Еленица“ преку Фондот за криминални иновации земале 13.588.652 денари или во евра за да појасно им биде на граѓаните 220.465 евра. Замислете, проектот што чини 220.000 евра е „Иновативен начин на рекламирање, моделот предвидува заработка и за возачите и за оние кои што се рекламираат“.

Што е тука симптоматично и зошто одговорност има и Зоран Заев и фамилијата Заеви?

Фирмата е отворена на 9 февруари 2018 година.

Повикот за аплицирање за грантот е објавен на 24 април 2018 година, после само два месеци откако е основана фирмата од Заеви и Митко Христов.

Јавниот повик трае до 11 јуни 2018 година до полноќ. Тоа е оној рок кога може да аплицираат сите фирми за одредени проекти. Затоа им бил подготвен проектот и истава фирма „Пауер АД“, во која дотогаш биле и сопственици Заеви преку „Еленица“ го поднесуваат проектот за рекламирање на фирми преку автомобили.

Заеви со „Еленица“ излегуваат од фирмата и му ја оставаат само на Митко Христов да биде сопственик на 7 август 2018 година, тоа е откако излезе скандалот со криминалните иновации, со испумпувањето на пари во ек на најголемиот скандал додека се случуваше „Еленица“ и Заеви излегуваат од сопственоста од фирмата на „Пауер АД“ која што добила 220.000 евра.

Дополнително, прашуваме дали ќе поднесе одговорност Фондот за иновации и директорот Јован за овој случај и дали се води истрага за овој сомнително доделен грант?

Заев лажеше јавно дека неговите фирми не конкурирале на повиците за субвенционирање. Еве гледаме доказ дека лажат. А нормално, кој лаже тој и краде.

Смешно е дека се работи само за една изработена мобилна апликација, за која наредните денови ќе обзнаниме нови детали, и преку овој проект испумпани се над 220.000 евра пари од граѓаните, пари наменети и планирани за семејството Заеви.

Дополнително, фирмата „Пауер АД“ и нејзиниот промотер Петар Христов, кој е син на сопственикот фино е на јавноста да и појасни околу потеклото на неговиот имот и дали можеби со парите од Фондот за криминални иновации си купил Порше Панамера, автомобил кој чини стотина илјади евра?

Почитувани,

Ова е начинот на работење на СДСМ. Помина и една година, и сеуште испливуваат фекалии од криминалните иновации и вистината излегува на виделина. Вистината е дека единствено тој грант, односно тој цел проект од 10 ипол милиони евра бил со намена да се испумпаат парите на граѓаните и да отидат во џебовите на функционерите на СДСМ.

Впрочем, чудно би било преку Фондот за криминални иновации да се обидат да испумпаат и да украдат пари Анѓушев, Локвенец, Цветанка Ласкова и многу други функционери на СДСМ, а Зоран Заев во такво друштво ништо да не чепне од народните пари. Би било многу чудно, но се покажа дека и он имал намера да се офајди и можеби се офајдил.

Со криминалци држава не бива. Еден ден мора да се сноси одговорност за се што се случува во државата, и за секој еден денар што е испумпан од парите на граѓаните односно од државната каса.

 

 

Поврзани вести

Мицкоски до просветните работници: Заев не ја зголемува вашата плата, туку ви одзема од вашата плата која ви е гарантирана со закон и колективниот договор во образованието

Интегрален текст од видео обраќање на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани наставници и...

Арсовски: Цели 5 месеци Русковска, Јовевски, Заев си играат со интелигенцијата на граѓаните и се обидуваат да го прикријат најголемиот криминален скандал во Македонија

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...

Кирков: Негрижата и масакрот на било кое животно користејќи дури и единици на Армијата на Република Македонија е само одлика на владеењето на Влада кон заштитата на животинскиот свет

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Стефан Кирков Почитувани, Пред само 3...

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ ,Христијан Мицкоски оствари средба со Комесарот за европска соседска политика и преговори за проширување на Европската Унија, г. Јоханес Хан

Соопштение до јавноста Почитувани, Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ проф-др Христијан Мицкоски денес оствари средба со...