Стоилковски: Докторите ги тепаат заради негрижа на министерот Филипче

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Наум Стоилковски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ

Почитувани,

Само во еден ден се случија два физички напади врз доктори. Двајца доктори, еден во Скопје и еден во Тетово денеска се жртви на физичко насилство, на тепање и омаловажување. Уште повеќе, информациите велат дека директор на една од болниците каде се случи напад денеска, не дозволил протест заради физичкиот напад.

Почитувани,

Докторите ги тепаат заради негрижа на министерот Филипче.

Насилството нападите врз докторите се резултат на дисфунционалност на системот, на нефункционирање на целосно девастираниот здравствен систем на Венко Филипче. Додека му ги тепаат докторите неговото име се слуша за местење тендери и рекетирање на компании. Едноставно, насилството низ болниците е заради нефункционирањето на системот и негрижата на Филипче.

Ама Венко Филипче ниту по една мината недела од протестот не можеше да остане да поведе сметка туку мораше да замине во Њујорк! Венко Филипче без срам се појави на протестот на докторите против насилството врз нив и бесрамно си продолжи со својата негрижа!

Венко Филипче ниту еднаш не се појави да каже што навистина е преземено за здравството и заштитата на докторите, за достоинството на медицинскиот персонал? Ниту еднаш не излезе  јавно да побара и да соопшти што е преземено од државниот систем против насилниците врз докторите, ниту еднаш не се слушна дали воопшто има некаков процес за насилство врз доктори?

А сето насилство се случува токму заради Филипче и целосниот распад на здравствениот систем! Ниту се води грижа за медицинскиот персонал- ги лажеше за повисоки плати и услови, ниту води сметка за пациентите- наместо тоа, се споменува во кривична пријава за лажење на светски здравствен гигант кој што ги подобрува стандардите за пациентите во Република Македонија

Венко Филипче и Октоподот на власт , растурија готов проект за Клинички Центар со обезбедени пари, за сега уште да нема ниту проект за нов Клинички- само и само заради можност за задоволување на лукративните пориви, можност за тендери, можност за набавки во 4 очи.

Почитувани,

Каде се сега Филипче, но и Оливер Спасовски како прв на полицијата? Кој да ги заштити докторите? Дали е вистина дека еден од денешните напаѓачи е полициски службеник и дека има обид за забошотување на насилството?

Почитувани, ова е под секој праг на толеранција, под секој праг на достоинствен здравствен систем, под секој праг на услови за пациентите и за медицинскиот персонал во Македонија!

Насилството мора да сопре веднаш а за тоа се потребни системски промени, прекинување со девастацијата на здравството заради тендери и договори, потребна е системска грижа за пациентите и медицинскиот персонал! Потребно е Венко Филипче да замине од министерската фотелја, потребна е оставка и одговорност!

Поврзани вести

Мицкоски до просветните работници: Заев не ја зголемува вашата плата, туку ви одзема од вашата плата која ви е гарантирана со закон и колективниот договор во образованието

Интегрален текст од видео обраќање на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани наставници и...

Арсовски: Цели 5 месеци Русковска, Јовевски, Заев си играат со интелигенцијата на граѓаните и се обидуваат да го прикријат најголемиот криминален скандал во Македонија

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...

Кирков: Негрижата и масакрот на било кое животно користејќи дури и единици на Армијата на Република Македонија е само одлика на владеењето на Влада кон заштитата на животинскиот свет

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Стефан Кирков Почитувани, Пред само 3...

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ ,Христијан Мицкоски оствари средба со Комесарот за европска соседска политика и преговори за проширување на Европската Унија, г. Јоханес Хан

Соопштение до јавноста Почитувани, Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ проф-др Христијан Мицкоски денес оствари средба со...