Мицкоски: Oваа власт се одржува врз купишта лаги, измами и криминал

Остварив посета на месниот комитет Панде Кајзеро и одржав состанок со Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ во Битола. Едно е сигурно, оваа власт се одржува врз купишта лаги, измами и криминал. Сега сме во време кога гледаме како на филмска лента им се враќа како бумеранг секоја лага секоја, измама која ја направија. И тоа е најголем показател дека тие паѓаат, Заев паѓа, заевизмот се руши. Така почнува, им се откриваат лагите кои толку многу сакаат да не се откријат. Го гледаме нивното нечесно лице, гледаме дека цело време се возеа на килим од лаги, дека се било измама, се било фарса, се покажува нивниот неморал, немањето на систем на вредности. Тие балони на СДСМ полни со лаги се распрснуваат и пукаат во налет на времето кое покажува дека кај оваа власт се било труло и дека се одржува со измами.
Ние имаме визија за клучните и стратешки прашања и тоа веќе ќе биде дел од нашата програма. Но овој пат конкретните и поединечни проблеми ќе ги решаваме заедно. Три клучни чекори од Разговорите за Обнова на Македонија- Проблеми, Решенија Програма.
Затоа разговараме со вас, имаме образ да ве погледнеме во очи, да ни кажете што ве мачи и како тоа да го решиме, да ви ветиме дека заедно ќе се бориме за проблемите да исчезнат или да се намалат, и тоа ветување да го исполниме.
Време е!
Да разговараме, да си подадеме рака, и потоа рамо до рамо, срце до срце, да се зафатиме со работа која толку многу отсуствува во овој период.
Почнуваме РАЗГОВОРИ ЗА ОБНОВА НА МАКЕДОНИЈА!
#ОбноваНаМакедонија

Поврзани вести

Стаменковска-Стојковски до Манчевски: Вашиот страв и паника е очигледен и тоа нема да ме спречи да се обидам да ги заштитам институциите

Дамјан Манчевски денеска обвини дека министерката Невенка Стаменковска-Стојковски покажува елементарно непознавање на нејзините надлежности....

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ поднесе иницијатива да се достави Законот за ратификација на Северно-атланскиот договор и на Пристапниот протокол за членството на Грција и Турција во Северно-атланската Алијанса (НАТО)

Интегрален текст од изјава за медиуми – Никола Мицевски, координатор на  ВМРО-ДПМНЕ во Собранието...

Мицкоски: Аферата Кеш го уклучува алармот за борба против криминалот, ќе поднесеме Закон за потекло на имот на политичари, бараме итна истрага за делувањето на обвинители и судии

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...

Мицкоски до просветните работници: Заев не ја зголемува вашата плата, туку ви одзема од вашата плата која ви е гарантирана со закон и колективниот договор во образованието

Интегрален текст од видео обраќање на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани наставници и...