Мицкоски од Битола: Ќе одговараат арамиите на власт, апсолутна правда мора да има

Интегрален текст од обраќање на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ

Почитувани,

И тоа нивно плескање кое што ни го кажуваат секојдневно преку оние скапо платени кампањи на социјалните медиуми каде што трошат претпоставувам рекетирани пари бидејќи ги нема никаде на извештаите од Министерствата и институциите тие средства кои што се наменети за спонзорирани објави од страна на раководството на СДСМ. Не ми останува ништо друго освен да заклучам дека тоа е дел од оние рекетирани куфер пари кои што ги собираат ширум Македонија.

Па ни ја продаваат онаа теза дека сме блескале, дека во државата било се идеално итн. И еве се надевам од овде од Битола, од местото каде што ја започнуваме оваа наша кампања наречена „Обнова за Македонија“, да ги повикам да се охрабрат, да се осмелат, да се соочат со народот, да излезат помеѓу народот да видат дали навистина блескаме или единствено нешто што блеска се само куфер политиките, арамилукот, срамот кој што и го донесоа на Македонија и граѓаните на Македонија. Да се охрабрат конечно еднашка да излезат од тие дебели, кожни фотелји и да престаната да ги газат оние црвени, дебели, персијански килими и да распишат предвремени избори па да видиме дали политиките на Зоран Заев и СДСМ блескаат или блеска незадоволството на народот.

За мене, почитувани Битолчани, ми претставува огромна чест и задоволство да ви се обратам пред вас и да го означам почетокот на нашата кампања „Обнова за Македонија“. Основната цел, ќе ми дозволите во неколку реченици да ја презентирам пред вас. Основната цел ќе биде да преку вашите изјаснувања кои се реалните проблеми на граѓаните да ја напишеме заеднички следната предизборна програма која што ќе биде дел од предизборната кампања на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата која што ќе ја преводи ВМРО-ДПМНЕ. Истата ќе биде поделан во два дела.

Првиот дел за првпат во овие 28 години независност на Македонија ќе се обидеме да имаме интерактивна програма каде што ќе дадеме и ќе понудиме решенија за реалните проблеми на граѓаните, а не оние замислените. Затоа што не секогаш проблемите се решаваат со пари. Туку некогаш се решаваат со многу работа, волја и политики. Тоа беше нашиот главен мотив и нашата инспирација да првиот дел од нашата програма да го напишете токму вие граѓаните на Република Македонија. Денеска сме овде во Битола, па од тука очекуваме да заедно со вас ја напишеме онаа страница или оние страници кои што ќе бидат наменети овде за Битолчани.

А, вториот дел, ќе биде оној стратешкиот дел кој што го пишуваме, и ги имаме главните контури, а тоа е оној дел кој што ќе биде наменет за стратешките проекти. Кои што ги работиме заедно со партиските комисии, со голем дел експерти од Македонија, но и од странство, од македонската дијаспора придонесуваат, морам да кажам, несебично. Тука се и телата од партијата, Извршниот, Централниот Комитет, Општинските Комитети, униите на ветерани, униите на жени, униите на млади сили.

И практично целта наша не е да добиеме на страници, туку да добиеме на квалитет, но квалитетот да го збогатите вие, со вашите предлози и она што суштински вистински претставува проблем на битолчани во случајов, или на граѓаните на Република Македонија, а ние потоа преку политики дадеме кратки, јасни, концизни одговори на тоа што можеме веднаш да го испорачаме во првите 100 дена, на тоа што можеме да го испорачаме на целиот мандат, на тоа што не можеме да го испорачаме треба чесно и честито да кажеме дека не можеме да го испорачаме заради тие причини, или пак тоа што ни е потребно да го испорачаме во годините што следат. Јас знам дека ова е еден поинаков пристап кој што бил спроведен преку идеи, ние нема да собираме идеи, туку сакаме да ги слушнеме граѓаните и да ги слушнеме и прочитаме проблемите, иако за најголем дел од тие проблеми сме свесни и за најголемиот дел од тие проблеми ги знаеме и ги чувствуваме на нас самите. Но, се надевам дека тоа што ќе го добиеме како навигација од вас, ќе добие соодветно место во нашата програма и ќе добиете соодветен одговор од нас на тие проблеми.

Јас сум свесен дека сето ова од страна на нашиот политички противник ќе биде дочекано со реминисценција на минатото, со повикување на ова или со повикување на она итн. Но нашата главна цел е за прв пат во вие 28 години самостојна, суверена, независна држава Република Македонија да заедно со граѓаните направиме нешто со кое што ќе го заслужиме и нашето место во историјата. Ја имаме сите таа можност, бидејќи овие кои што ветија живот пред неколку години, рачунајќи го денешниот ден, ни донесоа срам, понижувања, арамилук, пљачка,  и сето она кое што не требаше да го донесат, не би одел во понатамошни квалификации.

Навистина се срамам што денеска е политика и политичка реалност што го предводи владата предводена од СДСМ и Зоран Заев, но вие сите заедно со нас ќе имате можност во овие месеци пред кампања, а потоа и на изборите повторно ќе кажам и ќе ги замолам овде од Битола, да се охрабрат и да распишат предвремени парламентарни избори да се соочиме со граѓаните, да видиме што всушност имаат да кажат граѓаните за веќе трета година влада од Зоран Заев и СДСМ.

Што всушност имаат граѓаните да кажат за неа, веќе речиси  трета година владата во Република Македонија предводена од Зоран Заев и СДСМ. Нема никаде економски параметри коишто ги ветуваа, нема никаде 500 евра просечна плата. Гледаме сите оние коишто ќе ги трошат вашите пари за да ги легализираат црните пари коишто им ги плаќаат на наивните работници во нивните фирми, гледате  вицепремиерот во неговата фабрика просекот плата е 260 евра, просек плата кај новата министерка  за финансии е дури и под таа сума. Гледате какви се просечните плати  во компаниите на кланот Заеви, далеку се 500 евра па затоа се потребни сега по 40 милиони евра  ваши пари да ги легализираме оние црни пари во плико, а кои претпоставувам се дел од рекетот што го прават овие арамии ширум Македонија, им ги даваат на вработените. Тоа е единственото нешто што го испорачаа во економијата , а тоа е како да го покријат сопствениот срам и злодела коишто ги прават преку легализирање на тие пари, а ние да им ги платиме, не они да платат даноци на државата, туку ние да им ги платиме тие пари.

Нема 100.000 денари плата за докторите , но затоа гледаме секојдневно  имаме по некој доктор или некој дел од медицинскиот персонал  којшто ја напушта Македонија и се сели надвор, а богами гледам голем дел од нив коишто дневно се дочекани  со по некоја шлаканица, со по некоја тупаница, со по некоја навреда. Ете тоа се реформите  во здравството . Тоа е она што кое кога не крадат и не бараат провизии  слушнавме во аферата „Рекет 2“  се случува во нашето здравство, по некоја тупаница ги пречекува нашите доктори, по некоја шлаканица, по некоја навреда. нашите доктори ги пречекува од страна на луѓето коишто денеска се чувствуваат комотни да тоа го прават и да поминат замислете неказнети. Основната реформа во здравството е практично како да ги испразниме нашите болници  со тоа што нашите лекари, медицинскиот персонал ја напуштаат Македонија и се селат, а она што останува во Македонија и собрало храброст да остане во Македонија да биде почекано со по некоја шлаканица , со по некоја навреда  и секако тука се дебелите провизии од тендерите се разбира тука е пљачката на векот оној неуспешен  тендер којшто се обидоа да го распишат за клиничкиот центар  во Скопје. Се разбира за Битола нема ништо, ниту пак шајка немаат заденото  овдека  во делот на здравството.

Во делот на образованието истовремено би сакал да кажам дека веќе трета година  гледаме како луѓето ја напуштаат  Македонија, пред се младите луѓе, веднаш после високото образование  нема ниту р од реформите коишто ги ветуваат. Немаме универзитети меѓу 500  ниту 1000 според шангајската листа, гледаме дека немаме ниту универзитет меѓу 3.000 според шангајската листа, а ветуваа дека  ќе имаме реформи, ќе имаме  достоинствено образование. Се сеќавате на онаа младинска гаранција, се сеќавате на ветувањата за реновирани студентски домови, па изградба на студентски градови од  сето тоа апсолутно нема ништо веќе трета година по ред.

За стопанствениците да не зборувам таму единственото нешто што како реформа го направија е зголемените даноци коишто ги воведоа од 1-ви Јануари 2019 година, па голем дел од  претприемачите, стопанствениците својот бизнис го селат во околните држави, зошто таму наоѓаат поволна  почва за стопанисување наместо во Македонија. Тоа е најизразено во најдоходовниот ИТ сектор, компјутерската технологија. Најголемиот дел од компаниите ја напуштија Македонија и отворија свои компании во  соседните земји.

За пензионерите единствената реформа којашто ја спроведоа ќе потсетам  ветуваа многу зголемени пензии, ветуваа достоинствен пензионерски живот. Единствената реформа којашто ја спроведоа е да го нивелираат законот онака како што нив им одговара за исплата на пензиите и како резултат на тоа нивелирање  вие имате денеска покачена пензија  од цели 36 денари.

Во економијата исто така  би сакал да кажам една реформа врз основа на којашто ја  темелеа својата голема лага, а тоа беше „Мој ДДВ“  кога велеа дека ќе ги враќаат парите кај граѓаните, па спомнуваат десетица милиони евра дека ќе врателе кај граѓаните, а видовте дека за еден квартал  откако е започната оваа  мерка секој граѓанин  во Република Македонија се офајдил замислете  по дури 1 евро, од тоа коешто успеале они  да му го донесат преку оваа мерка.

Ветуваа 500 километри автопат,  а им требаше речиси три години како се на власт и оној готов автопат којшто го имаа од Миладиновци до Штип да го пуштат.

Ветуваа експресни патишта, а единствениот експресен пат којшто го наследија  од Штип до Радовиш бидејќи тоа блиску гравитира до онаму каде што гравитираат компаниите на семејството па тој некако се работи, а додека овој овдека којшто треба да не донесе до Битола, оној експресен автопат  од Росоман до Прилеп ни трага ни глас. Слушнавте дека изведувачот од шпанската  компанија „Рубау“ се спакува, напушти и ја тужи Македонија за десетици милиони евра оштета,. Некаде се појавила десет милиони, некаде сто милиони. Еве ќе почекаме министерот  за транспорт и врски, Сугарески  или оној Китанов  којшто е директор на јавното претпријатие  за државни патишта да им одговорат на граѓаните каде ги потрошија  нивните пари, пари на граѓаните бидејќи ние сме тие коишто  тие кредити , тие патишта еден ден ќе треба  да ги вратат и да ги платат,  а не они. На нив им е сега комотно во фотелјата, не гледаат  дека за неколку месеци од сега  ќе треба да се соочат со сите овие злодела и неправди  којшто ги прават  и ќе треба да објаснат на друго место зошто ова се случило и кои се причините овие луѓе да ја напуштат Македонија и да бараат оштета  којашто ќе треба сите вие да ја платите. Не треба они да ја плаќаат, туку вие сите да ја плаќате .Е тоа се дел од реформите коишто овие луѓе ги направија во Република Македонија.

Понатаму, се обидоа да ни кажуваат  дека ќе имало правда за секого, дека немало правда, немало мир итн. Се сеќавате на оние празаични слогани  кога шетаа по улиците  ширум Македонија таканаречените  припадници на Шарената Револуција  во тоа време, поддржувачи на Зоран Заев, членовите и активистите на СДСМ ни ветуваа правда, ни ветуваа мир, а видовме што донесоа, донесоа супер судство, донесоа обвинители, судии коишто се длабоко со рацете во криминал и во медот фатени. И замислете крајот на тоа дело ова Русковска обвинителство познато во јавноста како „Рекет 1„ го заврши пред некој ден и замислете само тројца осомничени имаме коишто го направиле сето ова, го осмислиле и прибрале милиони евра. Замислете овие тројца се собрале направиле план и тој план на крај резултирал  со неколку „Луј Витон“ торби коишто биле полни со милиони евра. А притоа заборавија да го споменат и Кики, заборавија да го споменат и Фрики, заборавија да го споменат и Зоки Поки  и останатите коишто пак во оној Меѓународен Сојуз им доделуваат титули како потпретседатели, како членови на Управни Одбори, како велико достоинственици коишто честопати па дури и на гитара им музицираа во кафански веселби итн. Заборавија на нив. Нив ги  нема, тие биле невини.

Замислете Бојан Јовановски заедно со оној Зоран Милевски  и на крај госпоѓата Катица Јанева  којашто требаше да биде столбот на правдата, се тие којшто ова го осмислија, тие се тие коишто ова го спроведоа и тие се тие коишто се виновни. А сите овие останати коишто овие три години  едвај чекаа по некоја минута  за да се сликаат со нив, да им одпеат по некоја песна  на гитара, го видовме поранешниот генерален секретар на СДСМ како веднаш после давањето на исказ во Судот, дека само во една прилика се со господинот Бојан Јовановски излезе на социјалните медиуми слика како овој истиот на гитара му музицира во еден ресторан, во една весела опуштена атмосфера на Бојан Јовановски. Па тој човек првата работа што ја направи во моментот кога излезе од обвинителството  за да даде исказ беше лага. Замислете што тој дал како исказ и замислете која е вистината  која што тие луѓе овдека сакаат да ни ја продадат. Па потоа ќе речат Обвинителството реагирало  правда за секого, вината ја лоцираат околу тие луѓе итн.

Додека ја лажат јавноста Зоран Заев ќе си ги собере неговите малкумина  послушници бидејќи  малкумина останаа и во моменти на безидејност ќе им лиферува една анкета  во којашто ќе каже не се грижете  и покрај се ова што направивме добро ни оди, водиме. Видовме вчера анкетите, анкетите ќе ги видите и во периодот којшто следи, но вистинската анкета  никако не сакаат да ја слушнат и да ја видат и да спроведат, а таа анкета најточна е  кога ќе се охрабри и кога ќесе соочи со народот, а тоа е на предвремени парламентарни избори.

Ете таа анкета тој не сакал да ја види зошто, затоа што сега ќе ни тргнело, економијата одела напред и економските параметри ни оделе во нагорна линија. А, каква е вистината, вистината е јасна, помалку пари имаме во буџетот, затоа што нема кој да плаќа даноци, затоа што на стопанството лошо му оди. Имаме помалку вработени во индустријата, затоа што на индустријата лошо и оди, затоа што индустријата ни е во колапс. Помалку пари има кај граѓаните, затоа помалку тие трошат и затоа помалку данок на додадена вредност собираат од луѓето. Помалку пари имаат во буџетот затоа што немаат приходи, немаат добивка компаниите и неа кој да плаќа данок за таа добивка. Целокупните политики на овие арамии на власт се само како да направат за ним и за блиските до нив како да им биде добро. Токму тоа е причината за ние да тргнеме од сега по улиците, по булеварите, по домовите на нашите сограѓани и да им ја раскажеме нашата приказна која што заедно со нив сакаме да ја пишуваме, во нашата предизборна програма, а потоа тоа што ќе го напишеме и да го спроведеме откако ќе ја добиеме довербата од граѓаните и тоа ќе бидат политики  на идната влада.

Оваа генерација нема право на грешка, и оваа генерација Македонци, граѓани на Република Македонија, нема право да погреши затоа што се плашам дека некој следен ќе нема ниту таков луксуз, ниту таква можност за дополнително да греши и да прави експерименти. Овој пат мора одлучно како што во еден Черчилов стих ќе каже „крв поти солзи ќе треба секој од нас да лее“ за да ја обновиме Македонија, да ја направиме достоинствено место за живеење, тоа им го должиме на генерациите пред нас, но тоа им го должиме и на генерациите кои што доаѓаат после нас.

Прво што треба да направиме е нула толеранција за криминалот и корупцијата. Без разлика од каде доаѓа, дали тоа го наоправил некој кој што е политички определен е дел од опозицијата или од власта, без разлика дали е некој политички неопределен, без разлика дали е Македонец, Албанец, Турчин, Ром ,Влав, Србин Бошњак, итн. да ми простат останатите што не ги спомнав. Без разлика кој го сторилмкриминалот од прв до последен треба да одговараат и нека не мислам дека ќе застанеме од тоа што ќе го каже Русковска, а претпоставувам АКМИС системот ќе го додели на Кацарска. Сето ова ќе го отвориме и ќе одговараат од прв до последен. Ама последен ќе биде главата на октоподот, а се знае кој е глават ана октоподот. Ова Боки, Зоки и Катица не можат сами да го направат.Се знае кој ги храбрел, кој го осмислил сето тоа и кој им давал поддршка цело време, тоа е главата на октоподот. Нека не мислат и нека не се надеваат дека ова Русковска обвинителство и Кацарска судство ќе ги амнестира. Од прв до последен ќе одговаарат. Ќе оговараат сите оние кои направиле криминал, сите оние кои што се осрамиле пред граѓаните, сите ќе одговараат, затоа што на народот изгуби доверба, затоа што народот се чуствува беспомошен, затоа што народот нема доверба ниту во судтсвото, ниту во обвинителството. Народот нема доверба ниту во политичките партии затоа што гледаат дека политичките партии заедно со судите и обвинителите соработуваат само за своите интереси.

Нема правда и тоа е она што ги деморализира луѓето и ги тера да емигрираат од Македонија, Македонија ни се празни затоа што луѓето изгубија надеж, и не веруваат дека неправдата ќе биде казнета, туку напротив се казнуваат оние кои што се праведни, а се наградуваат оние кои што се направедни. Тоа е она што го боли овој народ, правда за секого, правда и правдина мора да се врати во Македонија без влијание на политичари и политички елити. Да нема неказнети, непостои заштитена политичка каста која што треба да биде неказнета секој пред законот мора да одговара. Мора да ја вратиме вертбата кај граѓаните и кај луѓето дека закон им и законот мора да се почитува и законот мора да се спроведува. На тој начин сите оние кои што ја напуштија Македонија ќе ни се вратат назад, тогаш ќе и тргне и на економијата, тогаш ќе дојат и странски инвеститори, и ќе има и повеќе работни места ќе имаме појквалитетно здравство,затоа што ќе има и повеќе пари за даноци, ќе имаме и поквалитетно земјоделие и повеќе субвенции затоа што ќе имаме полн буџет, ќе имаме поквалитетно образование, затоа што ќе имаме повисоки стипендии, плати за вработените во образованието, ќе имаме достоинствени пензионери со достоинствени пензи со полн пензиски фонд.

А, денеска што ни се случува луѓето ја напуштаат разочарани затоа што нема право и правдина. Гледаат дека останува неправдата неказнета. Тоа е еден од основните принципи кој што ќе биде дел од нашата кампања „Обнова на Македонија“. Без основна правда и почитување на законите и Уставот, без овој принцип нема понатаму. Последниот столб на кој што ќе се темели оваа наша пред кампања Обнова на Македонија ,покрај економијата, покрај здравството, образованието, покрај достоинство за нашите пензионери, покрај вистински услови за водење бизнис во државата, покрај сето ова кое што го спомнував до сега ќе биде и враќање на националното достоинство и враќање на националната гордост.

Народот заборави да си ја сака државата. Мора да сме горди затоа што сме Македонци родени во Македонија и дека Македонија треба да ни биде пред и над се.

Секој кој мисли дека некој друг ќе ја заштити неговата земја, секој кој што мисли дека некој друг ќе се избори за него се лаже. Треба секој од нас да си го постави прашањето – „Што можам јас да направам за неа, а не што може таа да направи за мене?“

Враќање на националното достоинство и љубовта, родољубието и патриотизмот кон сопствената земја без разлика на етничката припадност, без разлика на верската припадност. Тука сме се родиле, тука сме пораснале, тука сме се радувале, тука сме тагувале, и сето тоа и го должиме на оваа земја Република Македонија. И тоа мора да го почитуваме.

И не се ова емотивни изливи на патриотизам, ова е она кое што треба секој еден човек да го има во себе. Без разлика што работи, каде работи, дали е во културата, дали е бизнисмен, дали е во јавната администрација и државниот сектор, дали е земјоделец, дали е невработен, млад, пензионер, стар, машко, женско. Тоа е она кое што треба на сите нас да ни биде водилка од сега понатаму. Родољубие и љубовта кон татковината. А, се останато доколку ова го има ќе си дојде, ќе бидеме мотивирани и да работиме повеќе, и да твориме повеќе, но најважно ако си ја сакаме државата во се ќе успееме. Затоа безусловна љубов, родољубие, и патриотизам кон сопствената држава.

И не ве прави ова ретроградни, и не ве прави ова регресивни, напротив тоа ве прави прогресивни. Слушнавме говор на еден од најголемите државници во светот г-динот. Трамп кој што рече – „Иднината им припаѓа на патриотите“. И тоа не треба никој да го заборави. Патриотизмот, родољубието и љубовта кон сопствената држава треба да ни се водилка во се.

Ајде заедно од овде од Битола да покажеме и да се обврземе како Битола да биде културен центра во Македонија, како Битола да го направиме универзитетски центар. Како Битола да го направиме тигар, економски тигар во Македонија. Како Битола да го вратиме онаму каде што му е местото во спортот. Да луѓето на „Тумбе кафе“  ги вратиме на трибините на реновираниот „Тумбе кафе“.  Да изградиме спортска сала, да изградиме базен, да го вратиме ракометот, да ја вратиме достоинствената кошарка, да ги вратиме Битолчани на маалските клупи на маалските игралишта. Тоа е она кое што е нашата визија за Битола. Тоа е она за кое што се обврзуваме денеска на почетокот од оваа наша кампања „За обнова за Македонија“.

Ве молам напишете, сугерирајте, советувајте не, кажете ни како треба, тука сме. Ние сакаме да бидеме политичари слуги на народот. А, не политичари кои што ќе владеат со народот. Туку заедно со народот и да му служат на народот. Бидејќи народот нас не плаќа, и тоа е нашата цел, и тоа е почетокот на оваа кампања. Да го вратиме сјајот на Пелистер, да го изградиме тој долго очекуван зимски туристички центар. Да го направиме центар на туризмот Битола на Балканот. Тоа е она кое што е нашата визија. Не велам дека се ќе постигнеме во еден мандат, туку тоа е невозможно. Но ветувам дека се од ова што денеска го зборам ако ништо друго ќе го започнеме и дел од зависност од динамиката на која што ја зборувам сега и ќе го реализираме.

Нема да ветуваме нешто што не можеме да го направиме. Тоа што ќе го ветиме, ќе го ветиме и ќе кажеме за колку време можеме да го испорачаме. Тоа што не можеме, ќе кажеме не можеме поради тие и тие причини.

Затоа сосема на крај, почитувани Битолчани, ќе ми дозволите да ви се заблагодарам за вашето присуство, и на тие што се симпатизери  и поддржувачи на ВМРО-ДПМНЕ и на Коалицијата „За подобра Македонија“, но и оние граѓани кои што се политички неопределени, но и оние кои што се дел од поддржувачите на нашиот политички противник, а денеска се овде со нас или кои што поминаа овде денеска со нас. Да ви се заблагодарам што одвоивте дел од вашето време да поминете, да сугерирате, да го кажете вашиот проблем, заедно со нас да ја моделирате идната програма на Коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ која што ќе биде и програма на Владата.

Затоа што само така ќе можеме да имаме успех, и само така ќе можеме да го вратиме достоинството на Македонија. Ние нема да ветуваме живот како овие кои што донесоа пекол, срам и арамилук. Тоа што ќе го ветиме е пот, крв и солзи и обнова на Македонија.

Обнова на сето она кое што тие го уништија.

Уште еднаш од срце ви благодарам и ве молам дајте и шанса на генерацијата која што не ветува чуда, на генерација која што сака да биде ваш слуга, слуга на народот и која што заедно со вас може да покаже дека Македонија можела поинаку и дека Македонија има капацитет за поинаку од ова темнило кое што денеска е секојдневие.

Ви благодарам.

Да сте здрави и живи.

И да ни е богата просперитетна Битола и Република Македонија.

Поврзани вести

Мицкоски до просветните работници: Заев не ја зголемува вашата плата, туку ви одзема од вашата плата која ви е гарантирана со закон и колективниот договор во образованието

Интегрален текст од видео обраќање на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани наставници и...

Арсовски: Цели 5 месеци Русковска, Јовевски, Заев си играат со интелигенцијата на граѓаните и се обидуваат да го прикријат најголемиот криминален скандал во Македонија

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...

Кирков: Негрижата и масакрот на било кое животно користејќи дури и единици на Армијата на Република Македонија е само одлика на владеењето на Влада кон заштитата на животинскиот свет

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Стефан Кирков Почитувани, Пред само 3...