Криминално-рекетарската банда на СДСМ предводена од Заев сака да си донесе закон за администрација под мотото на Заев – “ќе јадеме живи луѓе”

Приватните компании ќе добивале субвенции за плаќање на придонесите на работниците кои ќе ги преземат од администрацијата или тие ќе се преквалификувале на државен трошок.
Односно, работниците кои најслабо работеле ќе бидат понудени на приватните компании.

Но, без конкретен одговор зошто една приватна компанија би сакала да вработи работник кој не ги извршувал задачите во администрација.

Во различни ситуации ќе има различни мерки, вели Манчевски. 😲

Со други зборови, онака “народски кажано”, криминално-рекетарската банда на СДСМ предводена од Заев сака да си донесе закон за администрација под мотото на Заев – “ќе јадеме живи луѓе”!

И додека без трошка срам, без никаков допир со реалноста, на најнечовечки и безкрупулозен начин се обидуваат да го легализираат “јадењето живи луѓе”, продолжуваат да ја полнат државната администрација и само моментов вработуваат над 50 лица во различни државни институции.

Истовремено, им ветуваат на вработените во јавната администрација поголема плата за 5% … ама условено … треба да испорачаат поголема ефикасност и професионалност на работните места. Нешто што, едноставно, не е мерливо!!!

А, да, не знам дали да им кажеме дека имаат направено “мала грешка во чекори” и дека заборавиле да се усогласат со останатите законски решенија? Бидејќи и да помине вака, нема да биде применливо???

Какви непрофесионалци, дилетанти и манипултори!!!

#КриминалноРекетарскаВлада
#Оставка
#ПредвремениПарламентарниИзбори

Поврзани вести

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ поднесе иницијатива да се достави Законот за ратификација на Северно-атланскиот договор и на Пристапниот протокол за членството на Грција и Турција во Северно-атланската Алијанса (НАТО)

Интегрален текст од изјава за медиуми – Никола Мицевски, координатор на  ВМРО-ДПМНЕ во Собранието...

Мицкоски: Аферата Кеш го уклучува алармот за борба против криминалот, ќе поднесеме Закон за потекло на имот на политичари, бараме итна истрага за делувањето на обвинители и судии

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...

Мицкоски до просветните работници: Заев не ја зголемува вашата плата, туку ви одзема од вашата плата која ви е гарантирана со закон и колективниот договор во образованието

Интегрален текст од видео обраќање на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани наставници и...

Арсовски: Цели 5 месеци Русковска, Јовевски, Заев си играат со интелигенцијата на граѓаните и се обидуваат да го прикријат најголемиот криминален скандал во Македонија

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...