Тошевски со повик до Битолчани: Утре во 16:00 часот на Широк Сокак заедно да се вклучиме во Обновата за Македонија, доста е од неправдите, неспособноста и негрижата од оваа влада

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Иванчо Тошевски, Претседател на ОК на ВМРО-ДПМНЕ Битола

Почитувани,

Ако ја чувствувате неправдата, ако Ве навредува неработењето и неспособноста на оваа власт, ако сте загрижени за иднината на Вашите деца, ако сте очајни поради состојбата и сивилото во нашата Битола, ако сте безнадежни поради уништувањето на Македонија и Вашето достоинство, дојдете почитувани битолчани и битолчанки, овој петок, на 27 септември на Широк Сокак, во 16.00 часот, зашто време за одлагање НЕМА.

Македонија заслужува и Битола заслужува, овој пат заедно со Вас, ја започнуваат  својата ОБНОВА.

Дојдете, заедно со луѓето кои знаат и сакаат, луѓето кои можат сериозно и одговорно да работат на обновата на Битола, на враќањето на надежта во секое маало, на секоја улица, во секоја институција, во секој дом, во секое Ваше храбро срце, мои битолчани.

Христијан Мицкоски и ВМРО ДПМНЕ никогаш не се откажаа од борбата за подобра Македонија, од борбата за поубава и економски просперитетна Битола, Битола заеднички дом на сите, Битола градот на почитувани и среќни луѓе.

Неправдата, немањето можност Битола да биде најградскиот град, Вашето одземено право на работа,  Вашето страдање поради разделбите со најблиските, родените деца, кои во се поголем број ја оставаат Битола, Ве обврзуваат да бидете во првата борбена линија за обновата на градот, храброста да ја преточите во вистинска борба за себе, за Вашите деца, за Македонија, за Битола, градот во кој живеете.

Разочарувањата се двојно поголеми од очекувањата, кои бесрамно ги нудеа како живот за сите. Затоа дојдете овој Петок, 16.00 часот, ШИРОК СОКАК, со ОБНОВА ЗАЕДНО да му се спротивставиме на уништувањето на вистинските вредности, на уривањето на нашите животи.

РАЗГОВОРИ ЗА ОБНОВА НА БИТОЛА, ЗАЕДНО!!!

ВРЕМЕ Е!

 

Поврзани вести

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ поднесе иницијатива да се достави Законот за ратификација на Северно-атланскиот договор и на Пристапниот протокол за членството на Грција и Турција во Северно-атланската Алијанса (НАТО)

Интегрален текст од изјава за медиуми – Никола Мицевски, координатор на  ВМРО-ДПМНЕ во Собранието...

Мицкоски: Аферата Кеш го уклучува алармот за борба против криминалот, ќе поднесеме Закон за потекло на имот на политичари, бараме итна истрага за делувањето на обвинители и судии

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...

Мицкоски до просветните работници: Заев не ја зголемува вашата плата, туку ви одзема од вашата плата која ви е гарантирана со закон и колективниот договор во образованието

Интегрален текст од видео обраќање на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани наставници и...

Арсовски: Цели 5 месеци Русковска, Јовевски, Заев си играат со интелигенцијата на граѓаните и се обидуваат да го прикријат најголемиот криминален скандал во Македонија

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...