Советничка група на ВМРО-ДПМНЕ до Шилегов: Нема поголема злоба од тоа кога градот ќе го оставите без проекти, а на Бихаќка ќе кроите списоци за партиски вработувања во Градот

Соопштение до јавноста

Кога Шилегов се жали за постоење на лажни вести сигурно мисли на неговите изјави дека ќе донесе чист воздух во Скопје, дека ќе ја продолжи Илинденска, а кејот кај ГТЦ наместо автопат ќе биде пешачка зона, дека билет за едно возење во ЈСП ќе добијат скопјани во септември, па кога ќе помине месецот, нема да биде важно што ја лажеше јавноста и ќе даде ново ветување за октомври.

Таквата бесрамност за сопствениот срам и површност постои само кај Петре Шилегов.

И кога не сме кај вистината, реалноста е дека Шилегов носи одлука за нови 350 партиски вработувања. Само денес на точка на дневен ред Советот ќе расправа за нови 186 вработувања во градската администрација, и тоа 110 на определено време, и 76 на неопределено време.

И бидејќи Шилегов обвинува дека опозицијата била злобна, вистината е дека нема поголема злоба кога градот ќе го оставите без проекти, а на Бихаќка ќе се кројат списоци за нови вработувања во Градот Скопје на терет на граѓаните.

Нема поголемо лицемерие кога од вработен како хаус мајстор во Општина Центар преку ноќ ќе направите раководител на сектор во Градот Скопје кој во слободно време гради згради во градот каде главен крадоначалник е Петре Шилегов.

И на крај нема поголемо промашување кога две години ќе управувате со градот, и две години ќе потрошите на лаги, криминал и неработа.

 Со почит,
Советничка група на ВМРО-ДПМНЕ на Град Скопје

Поврзани вести

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ поднесе иницијатива да се достави Законот за ратификација на Северно-атланскиот договор и на Пристапниот протокол за членството на Грција и Турција во Северно-атланската Алијанса (НАТО)

Интегрален текст од изјава за медиуми – Никола Мицевски, координатор на  ВМРО-ДПМНЕ во Собранието...

Мицкоски: Аферата Кеш го уклучува алармот за борба против криминалот, ќе поднесеме Закон за потекло на имот на политичари, бараме итна истрага за делувањето на обвинители и судии

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...

Мицкоски до просветните работници: Заев не ја зголемува вашата плата, туку ви одзема од вашата плата која ви е гарантирана со закон и колективниот договор во образованието

Интегрален текст од видео обраќање на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани наставници и...

Арсовски: Цели 5 месеци Русковска, Јовевски, Заев си играат со интелигенцијата на граѓаните и се обидуваат да го прикријат најголемиот криминален скандал во Македонија

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...