Костадин Костадинов лаже за да ја покрие својата вмешаност во Рекет и вмешаноста на неговиот шеф Зоран Заев

Соопштение до јавноста – реакција на прес конференцијата на Костадин Костадинов

Зоран Заев и кликата околу него се фатени во криминал до гуша и затоа ги фаќа паника.

Вилма Русковска е докажан  слуга на Зоран Заев и работи по негова насока, доколку имаше дури и најмал сомнеж дека нешто од тоа што го говори Костадин  Костадинов е вистина, до сега ќе имаше спектакуларни апсења.

Повеќе од очигледно е дека Костадин Костадинов лаже за да ја покрие својата вмешаност во Рекет и вмешаноста на неговиот шеф Зоран Заев. Сепак, доколку  немаат доверба во Русковска еве  повторно предлагаме да биде сменета и да се избере професионален и независен обвинител, кој што неселективно ќе ја истера истрагата за Рекет до крај и ќе ја испита одговорноста на  Заев и Костадинов во случајот.

Костадин Костадинов треба конечно и да собере храброст и да го праша својот шеф Зоран Заев, дали Луј Витон ташната со милион евра од рекетот на Катица Јанева и Боки 13 завршила на Илинденска и со неа е финансирана кампањата на Стево Пендаровски!?

Дали и колку од парите од неколку месечниот рекет  кој е вршен од Јанева, Боки 13 и Кичеец завршиле на Илинденска!?

Заев наместо да се крие зад Костадинов треба да излезе и да одговори на прашањата што правел со милионите од рекетот!?

Доаѓа време за одговорност за криминалот и корупцијата која изминативе три години ја вршат функционерите од власта. Затоа и паниката е голема, но спас од одговорност нема да има.

 

  Со почит,
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Поврзани вести

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ поднесе иницијатива да се достави Законот за ратификација на Северно-атланскиот договор и на Пристапниот протокол за членството на Грција и Турција во Северно-атланската Алијанса (НАТО)

Интегрален текст од изјава за медиуми – Никола Мицевски, координатор на  ВМРО-ДПМНЕ во Собранието...

Мицкоски: Аферата Кеш го уклучува алармот за борба против криминалот, ќе поднесеме Закон за потекло на имот на политичари, бараме итна истрага за делувањето на обвинители и судии

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...

Мицкоски до просветните работници: Заев не ја зголемува вашата плата, туку ви одзема од вашата плата која ви е гарантирана со закон и колективниот договор во образованието

Интегрален текст од видео обраќање на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани наставници и...

Арсовски: Цели 5 месеци Русковска, Јовевски, Заев си играат со интелигенцијата на граѓаните и се обидуваат да го прикријат најголемиот криминален скандал во Македонија

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...