Мизрахи: Веќе е 25ти септември а учениците се уште немаат учебници

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Рашела Мизрахи

Почитувани,

Министерството за образование и наука и Педагошката служба и оваа година не направија напредок за навремена достава на учебниците

Учениците се снаоѓаат како умеат и знаат да дојдат до учебник а веќе е 25-ти септември од оваа учебна година.

Министерството изјавува „Постапката за избор на компанија која ќе ги испечати количините согласно барањата на училиштата „е во тек“ и заради „троми тендерски постапки“ задоцниле со целокупната постапка. Во превод тоа  значи дека техничкото наддавање е завршено и се чека на избор на понудувач.

Почитувани,

Дали можеби тромоста на тендерската постапка како што велат во превод може да се најде во тежината на тендерот кој што тежи некаде околу 5 милиони евра односно 330 милиони денари од кои што 55 милиони денари за превод, а 270 милиони денари за техничкото изготвување на учебниците.

Дополнително, тоа  “Мало задоцнување“, значи дека учебниците би ги добиле учебниците некаде на 20-ти јануари 2020 година, односно на почеток на второто полугодие на учебната 2019/2020 година.

Ова е секако доколку тендерот овој пат биде успешен поради тоа што истиот е неколку пати поништуван поради незадоволување на некои непишани критериуми.

Почитувани,

Министерот и МОН се должни да понесат одговорност за девастирањето на образованието.

Учениците и нашите деца не се предмет на тендерски игранки. Дополнително, девастацијата во образованието,како и негрижата за наставниот кадар и конечно негрижата за учениците, нашите деца се очигледно карактеристика на оваа власта која што цени дека треба да се уништи фундаментот и иднината на Република Македонија, тоа се нашите ученици,нашите деца.

Поврзани вести

Мицкоски до просветните работници: Заев не ја зголемува вашата плата, туку ви одзема од вашата плата која ви е гарантирана со закон и колективниот договор во образованието

Интегрален текст од видео обраќање на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани наставници и...

Арсовски: Цели 5 месеци Русковска, Јовевски, Заев си играат со интелигенцијата на граѓаните и се обидуваат да го прикријат најголемиот криминален скандал во Македонија

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...

Кирков: Негрижата и масакрот на било кое животно користејќи дури и единици на Армијата на Република Македонија е само одлика на владеењето на Влада кон заштитата на животинскиот свет

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Стефан Кирков Почитувани, Пред само 3...

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ ,Христијан Мицкоски оствари средба со Комесарот за европска соседска политика и преговори за проширување на Европската Унија, г. Јоханес Хан

Соопштение до јавноста Почитувани, Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ проф-др Христијан Мицкоски денес оствари средба со...