Илиоски до пратениците на СДСМ: Ветувавте чист воздух, а граѓаните добија само „ЌЕ“

При заседавање на собраниска Комисија за финансирање и буџетирање се обрати пратеникот од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалиција „За подобра Македонија“, Зоран Илиоски кој посочи дека пратениците од СДСМ успеаја и покрај губење на избори да дојдат на власт со неколку пароли.

-Една од паролите која што многу ја употребувавте и требаше да ја реализирате беше „Чист воздух за сите“.
Правевте протести, па дури и кога дојдовте на власт ваши министри штрајкуваа против владата кај што се министри и со гас маски шетаа низ Скопје. Меѓутоа како и за се друго вие „ќе“ направите, „ќе“ имате студија, „ќе“ предвидите програма, „ќе“ предвидите пари. И меѓутоа за жал ништо не реализирате, појасни Илиоски.

Илиоски додаде дека за да се борат пратениците и владата на СДСМ против нечистиот воздух тоа не оди преку ноќ, не оди наеднаш.

-Свесни сме сите дека сите ние треба да се потрудиме со разни мерки да влијаеме на квалитетот на чистиот воздух. Меѓутоа едно од мерките или основата за да спроведеш некоја мерка треба да имаш податоци и бројки. Во вашата програма за „План за живот“ напишавте дека во првите две години ќе комплетирате мрежа на станици за следење на квалитет на воздух, заедно со дополнителна мрежа за загадување на водите и почвата и сето тоа ќе го интегрирате во еден интегриран систем и граѓаните ќе имаат информации за загаденоста на животната средина. И што се случува? Нормално ништо, потенцира Илиоски.

Поврзани вести

Мицкоски до просветните работници: Заев не ја зголемува вашата плата, туку ви одзема од вашата плата која ви е гарантирана со закон и колективниот договор во образованието

Интегрален текст од видео обраќање на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани наставници и...

Арсовски: Цели 5 месеци Русковска, Јовевски, Заев си играат со интелигенцијата на граѓаните и се обидуваат да го прикријат најголемиот криминален скандал во Македонија

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...

Кирков: Негрижата и масакрот на било кое животно користејќи дури и единици на Армијата на Република Македонија е само одлика на владеењето на Влада кон заштитата на животинскиот свет

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Стефан Кирков Почитувани, Пред само 3...

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ ,Христијан Мицкоски оствари средба со Комесарот за европска соседска политика и преговори за проширување на Европската Унија, г. Јоханес Хан

Соопштение до јавноста Почитувани, Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ проф-др Христијан Мицкоски денес оствари средба со...