Димовски: Додека над Велес секојдневно се издигнуваат црни столбови, Коцевски и Макрадули се прават дека проблемот не постои

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Илија Димовски на денешната комисија за финансирање и буџет изјави дека едно од клучните ветувања на СДСМ беше заштита на животната средина, и сега иако градовите се трујат во црнила, сепак власта досега ништо не направи и немаат вложено ни денар за подобрување на состојбата.

Димовски посочи дека конкретно во Велес неколку месеци наназад фирма го загадува целиот град и секојдневно црни столбови се издигнуваат над градот, граѓаните реагираат, а никој ништо не презема ниту министерството ниту градоначалникот.

Му пишувам на заменик министерот Макрадули и нема реакција иако како колеги 10 години често комуницираме. Градоначалникот на Велес одржа прес конференција рече дека не бил информиран, не знам што треба да биде информиран кога од било кој агол на Велес црн столб секој ден се гледа. Ништо не се презема, потенцира Димовски.

Тој нагласи дека власта наместо да презема мерки, таа се што направи е тоа што ги исклучи мерните станици за да не се гледа колку е загадено и така сметаат дека го решиле проблемот бидејќи се водат по тоа ако не го гледаш проблемот мислиш дека не постои.

Поврзани вести

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ поднесе иницијатива да се достави Законот за ратификација на Северно-атланскиот договор и на Пристапниот протокол за членството на Грција и Турција во Северно-атланската Алијанса (НАТО)

Интегрален текст од изјава за медиуми – Никола Мицевски, координатор на  ВМРО-ДПМНЕ во Собранието...

Мицкоски: Аферата Кеш го уклучува алармот за борба против криминалот, ќе поднесеме Закон за потекло на имот на политичари, бараме итна истрага за делувањето на обвинители и судии

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...

Мицкоски до просветните работници: Заев не ја зголемува вашата плата, туку ви одзема од вашата плата која ви е гарантирана со закон и колективниот договор во образованието

Интегрален текст од видео обраќање на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани наставници и...

Арсовски: Цели 5 месеци Русковска, Јовевски, Заев си играат со интелигенцијата на граѓаните и се обидуваат да го прикријат најголемиот криминален скандал во Македонија

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...

Кирков: Негрижата и масакрот на било кое животно користејќи дури и единици на Армијата на Република Македонија е само одлика на владеењето на Влада кон заштитата на животинскиот свет

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Стефан Кирков Почитувани, Пред само 3...