Арсовски:Рускоска обвинителството покажа дека целата истрага за рекетарскиот октопод е само една обична фарса

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ

Почитувани,

Катица Јанева, Бојан Јовановски(Боки 13) и Зоран Милевски Кичеец не се сами во скандалот „Рекет“ и тоа е еден факт којшто неколку пати е потврден.Да немале политичка и институционална поддршка и премолчена согласност од страна на Зоран Заев и СДСМ веројатно немале да имаат можност да изнудат ниту 100 денари, а не пак 20 милиони евра, како што говорат информации во јавноста.

Вчера за жал Вилма Русковска односно Русковска обвинителството покажа дека целата истрага за овој рекетарски октопод е само една обична фарса.Тие без срам ја прогласија истрагата за завршена, а дури и врапчињата знаат дека многу повеќе лица се вклучени во овој мега скандал односно скандал најголем до сега во историјата на Македонија.

Впрочем од мај месец кога бил пријавен случајот во обвинителството Русковска со сите сили се обидувало да го забошоти целиот случај за да не се открие главата на октоподот.Сите знаат дека главата на октоподот се наоѓа во владата.Веројатно и Катица Јанева немаше да биде обвинета, ако за тоа не излегоа материјали во италијански медиуми.

Со месеци Катица  Јанева не беше приведена и во меѓувреме се губеа телефони, па се наоѓаа, па се форматираа телефони и  компјутери, па компјутери  од СЈО беа форензички бришени.Во сред истрага Вилма Русковска си беше на одмор колективно со целото обвинителство коешто беше задолжено за овој случај и никој ништо не преземаше со недели.

Сето тоа говори дека истрагата била контаминирана и постојат сериозни индиции дека Русковска со ваквиот начин на работење ги штитела од проширување на истрагата лицата коишто беа споменувани под псевдоними во јавноста Кики, Фрики, Шеки, Баки и слични, но и целокупниот Меѓународен Сојуз кој бил еден од главните канали за рекетирање од страна на организираната група којашто имала поддршка од страна на владата и СДСМ.

Русковска веќе го изгуби кредибилитетот да го води случајот „Рекет“. Премногу е очигледен обидот да се спречи проширување на истрагата, а веќе постојат индиции дека постојат пазарења и со обвинитети да не ја откриваат целата мрежа која што постоела и којашто функционирала и работела  да изнудува пари.Затоа исказите на клучните во случајот доцнат или се бранат со молчење додека целиот случај не се забошоти или додека не се испазарат со правдата.

Почитувани,

Ова не е правна држава, ова е правен циркуз.

Затоа правда и одговорност мора да има за сите.

Поврзани вести

Мицкоски до просветните работници: Заев не ја зголемува вашата плата, туку ви одзема од вашата плата која ви е гарантирана со закон и колективниот договор во образованието

Интегрален текст од видео обраќање на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани наставници и...

Арсовски: Цели 5 месеци Русковска, Јовевски, Заев си играат со интелигенцијата на граѓаните и се обидуваат да го прикријат најголемиот криминален скандал во Македонија

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...

Кирков: Негрижата и масакрот на било кое животно користејќи дури и единици на Армијата на Република Македонија е само одлика на владеењето на Влада кон заштитата на животинскиот свет

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Стефан Кирков Почитувани, Пред само 3...

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ ,Христијан Мицкоски оствари средба со Комесарот за европска соседска политика и преговори за проширување на Европската Унија, г. Јоханес Хан

Соопштение до јавноста Почитувани, Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ проф-др Христијан Мицкоски денес оствари средба со...