Стојаноска: Новата министерка за финансии не е заинтересирана да го брани ребалансот на буџетот, бидејќи таа не е креатор на истиот

Пратеничката од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Дафина Стојаноска на денешна седница на Комисијата за финансирање и буџет каде се дебатира за новиот ребаланс на буџетот истакна дека веќе втор ден по ред новата министерка за финансии, Нина Ангеловска е отсутна од собраниската дебата. За пратеничката ова е доволен показател дека таа не е заинтересирана да го брани ребалансот и како Ангеловска не е креатор на истиот.

-Министерката за финансии Ангеловска, стапи на оваа функција само неколку дена пред да се донесе ребалансот на буџетот за 2019-та година во Владата што е доволно да се изведе заклучок дека овој ребаланс само ќе го презентира и ќе го брани Ангеловска. За жал Ангелоска денес втор ден е отсутна од расправата за ребалансот што значи дека таа дури и не е заинтересирана да го брани овој ребаланс што до негде е признание дека таа не е креатор на истиот. Јас не знам што може да биде поприоритетно за еден министер за финансии од носење на ребалансот на буџетот за сопствената држава. Но јавноста следи и оценува за кавка сериозна работа станува збор од страна на новата министерка за финансии, вели Стојаноска.

WordPress › Грешка

The site is experiencing technical difficulties.