Советничка група на ВМРО-ДПМНЕ: Власта и Шилегов да одговорат чии бизнис интереси штитат за еколошката катастрофа на Вардар

Соопштение до јавноста

Советничката група на ВМРО ДПМНЕ во Градот Скопје бара сеопфатна истрага за еколошката катастрофа која се случи на реката Вардар и уништувањето на живиот свет во главната артерија на Скопје.

Ова не е изолиран инцидент, туку последица на континуирана негрижа на Градот Скопје и надлежните институции. Наместо парадерство на Шилегов, потребно е да се засукаат ракавите и да понудат конкретни решенија. Популизмот на Шилегов платен со парите на граѓаните не може да ја сокрие неговата неспособност и лукративност. Оттука во неделата кога Шилегов се фалеше со достигнувањата во заштитата на животната средина среде Скопје отровна хемиска супстанца предизвика помор на риби во реката Вардар. И ова не е прв пат да се предизвика вакво уништување на животната средина. Жителите во близина на еколошката катастрофа се жалат постојано на миризби и испуштање на токсични материи во водата, додека градските инспекциски служби не реагираат со што се  ставаат во заштита на нечиви бизнис интереси наместо да го штитат здравјето на граѓаните.

Шилегов треба да одговори кој тоа во континуитет дозволува еколошка катастрофа и поради чии бизнис интереси тоа се толерира. Зошто за Градот Скопје бизнис интересите се поважни од здравјето на граѓаните? Кој бизнисмен власта го штити како бела мечка и дозволува еколошка катастрофа среде Скопје?

Петре Шилегов и надлежните државни институции се најнадлежни да го решат постојниот случај со еколошката катастрофа во Скопје.

2 години Крадоначалник Шилегов, 2 години лаги, криминал и неработа.

 

 

  Со почит,
Советничка група на ВМРО-ДПМНЕ на Град Скопје

 

Поврзани вести

Стаменковска-Стојковски до Манчевски: Вашиот страв и паника е очигледен и тоа нема да ме спречи да се обидам да ги заштитам институциите

Дамјан Манчевски денеска обвини дека министерката Невенка Стаменковска-Стојковски покажува елементарно непознавање на нејзините надлежности....

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ поднесе иницијатива да се достави Законот за ратификација на Северно-атланскиот договор и на Пристапниот протокол за членството на Грција и Турција во Северно-атланската Алијанса (НАТО)

Интегрален текст од изјава за медиуми – Никола Мицевски, координатор на  ВМРО-ДПМНЕ во Собранието...

Мицкоски: Аферата Кеш го уклучува алармот за борба против криминалот, ќе поднесеме Закон за потекло на имот на политичари, бараме итна истрага за делувањето на обвинители и судии

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...

Мицкоски до просветните работници: Заев не ја зголемува вашата плата, туку ви одзема од вашата плата која ви е гарантирана со закон и колективниот договор во образованието

Интегрален текст од видео обраќање на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани наставници и...