Со денешното затворањето на истрагата„Рекет“, Русковска официјално потврди дека работи под диктат на Зоран Заев

Соопштение до јавноста во врска со затворањето на истрагата „Рекет“

Почитувани,

Право и правдина во Република Македонија нема.Контролата на Заев врз судството и обвинителството ги амнестира вистинските криминалци во Македонија.

Русковска и официјално денеска со затворањето на штурата и контролирана истрага за случајот “Рекет” потврди дека е еден обичен пиун и работи под диктат на Зоран Заев.

Затворањето на непрофесионалната истрага после пет месеци јавен циркус кој го следеше целата јавност е најголем доказ дека Русковска имаше една единствена цел, да ги скрие нарачателите и вистинските рекетари.

Нерасчистувањето на инволвираноста на Кики,Фрики,Шеки,Баки и останатите фрла сомнеж дека и Русковска е соучесник во целиот случај “Рекет”.

Сите знаат дека Боки 13 и Катица Јанева не рекетирале сами и дека имале поддршка од раководни лица од власта.

Правда во Македонија мора да има. Вистината ќе излезе на виделина и сите инволвирани еден ден ќе одговараат по сите основи за сите сторени кривични дела и во случајот и во постапката.

 

 

Со почит,
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНE

Поврзани вести

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ поднесе иницијатива да се достави Законот за ратификација на Северно-атланскиот договор и на Пристапниот протокол за членството на Грција и Турција во Северно-атланската Алијанса (НАТО)

Интегрален текст од изјава за медиуми – Никола Мицевски, координатор на  ВМРО-ДПМНЕ во Собранието...

Мицкоски: Аферата Кеш го уклучува алармот за борба против криминалот, ќе поднесеме Закон за потекло на имот на политичари, бараме итна истрага за делувањето на обвинители и судии

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...

Мицкоски до просветните работници: Заев не ја зголемува вашата плата, туку ви одзема од вашата плата која ви е гарантирана со закон и колективниот договор во образованието

Интегрален текст од видео обраќање на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани наставници и...

Арсовски: Цели 5 месеци Русковска, Јовевски, Заев си играат со интелигенцијата на граѓаните и се обидуваат да го прикријат најголемиот криминален скандал во Македонија

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...