Трупуновски кон Николовски: Љупчо и ти и Трајан и Зоран Заев, сите заедно сте виновни за лошата ситуација во македонското земјоделство

Интегрален текст од изјава за медиуми на Цветан Трипуновски – член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ

Почитувани,

Трајан Димковски се исплаши, па мораше да го повика на помош Љупчо Николовски да го брани. Љупчо и ти и Трајан и Зоран Заев, сите заедно сте виновни за лошата ситуација во македонското земјоделство.

Лозарите имаат реален проблем и тој е креиран од оваа власт.  Додека лозарите одат со испукани петици и скинати патики, вие кратите пари наменете за земјоделците, пиете скапи вина и јадете луксузни јадења.

Ти Љупчо заедно со Зоран Заев им ветивте на лозарите сигурен откуп и високи откупни цени. Па нели ти е срам Љупчо што три години ништо не направивте!? Сигурен откуп нема, а цените се ниски, по ниски од што беа.

За тутунарите подобро и да не зборуваме. Што ќе им кажете? Дека вашиот партиски функционер Кире Неделковски украл 300.000 евра од тутунарите? Дека го штитите од институциите да не го процесуираат неговиот криминал!?

Љупчо вие немате ама баш никаков кредибилитет да зборувате за земјоделците, бидејќи не сте ја виделе и почувствувале земјодлеската мака.

Земјоделците се напатени луѓе, кои со што многу труд и пот си го заработуваат лебот. Немојте само да им го земате од уста.

Но Љупчо, бидејќи Трајан те викна тебе да го браниш, а ти сигурно ќе го викнеш Зоран Заев, кажи му на Заев дека земјоделците не ви простуваат. Од тука од земјоделска Струмица јас ви порачувам дека на СДСМ му се гледа крајот.

Поврзани вести

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ поднесе иницијатива да се достави Законот за ратификација на Северно-атланскиот договор и на Пристапниот протокол за членството на Грција и Турција во Северно-атланската Алијанса (НАТО)

Интегрален текст од изјава за медиуми – Никола Мицевски, координатор на  ВМРО-ДПМНЕ во Собранието...

Мицкоски: Аферата Кеш го уклучува алармот за борба против криминалот, ќе поднесеме Закон за потекло на имот на политичари, бараме итна истрага за делувањето на обвинители и судии

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...

Мицкоски до просветните работници: Заев не ја зголемува вашата плата, туку ви одзема од вашата плата која ви е гарантирана со закон и колективниот договор во образованието

Интегрален текст од видео обраќање на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани наставници и...

Арсовски: Цели 5 месеци Русковска, Јовевски, Заев си играат со интелигенцијата на граѓаните и се обидуваат да го прикријат најголемиот криминален скандал во Македонија

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...