ОК ВМРО-ДПМНЕ Кавадарци: СДСМ да ги прифати амандманите на пратеничката група на ВМРО ДПМНЕ и да се субвенционираат лозарите со три денари по килограм грозје за сортите вранец и смедеревка

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Гоце Ангеловски

Почитувани,

 

СДСМ е партија со две лица.

 

Првото е лажното лице кога се во опозиција, а второто е нивното вистинско лице кога се на власт.

 

Денеска ќе се потсетиме што ветуваше нивниот лидер Зоран Заев во 2016 година кога не бираше средства да се догреби до власта.

 

Дали е потребен дополнителен коментар?

 

Оваа шетање на Заев по пунктовите е во 2016 година кога во државата имаше вишок од над 40 милиони килограми на грозје кои визбите во Република Македонија немаа услови да го откупат цело грозје, меѓутоа тогаш се интервенираше и се откупи цело грозје и цената беше 13 денари за вранецот и 11 денари за смедеревката.

 

Денеска поради сушата имаме над 50 милиони килограми на гројзе помалку во однос од минатите години а цената е за два до три денари пониска во однос на минатите години.

 

Почитувани граѓани,

 

Каде се тие агенции за интервентен откуп што ги ветуваше Заев пред да дојде на власт? Дали откупните цени на грозјето се знаат триесет дена пред бербата откога Зоран Заев а премиер? Дали државата е партнер со земјоделските производители и со откупувачите? Дали субвенциите од еден денар се исплатени во февруари или до ден денеска не се исплатени во целост? Се што ветија за се излажаа.

 

Оваа влада не само што нема концепт за работа туку и целосно ги потценува лозарите.

 

Го повикуваме министерот за земјоделие во бела кошула Трајан Димковски да не си игра со чувствата на лозарите. Да не игра популистички игри со кои ќе купи уште некој месец д социјален мир. Состојбата во државата со лозарството е премногу сериозна. Постои опасност лозарството целосно да се уништи.

 

Затоа им порачуваме под итно да ги прифатат амандманите кои се поднесени од страна на пратеничката група на ВМРО ДПМНЕ за ребалансот на буџетот и да ги субвенционираат лозарите со три денари по килограм грозје за сортите вранец и смедеревка.

На крај на локалното раководство на СДСМ во Кавадарци да им порачам: Не бранете нешто што не се брани.Смешни сте пред народот и самите знаете дека бродот на Заев тоне.

 

На Република Македонија ќе и се случи обнова,а таа обнова ќе ја направи многу наскоро идната владата на ВМРО ДПМНЕ со идниот премиер Христијан Мицкоски.

 

 

Поврзани вести

Арсовски: Цели 5 месеци Русковска, Јовевски, Заев си играат со интелигенцијата на граѓаните и се обидуваат да го прикријат најголемиот криминален скандал во Македонија

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...

Кирков: Негрижата и масакрот на било кое животно користејќи дури и единици на Армијата на Република Македонија е само одлика на владеењето на Влада кон заштитата на животинскиот свет

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Стефан Кирков Почитувани, Пред само 3...

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ ,Христијан Мицкоски оствари средба со Комесарот за европска соседска политика и преговори за проширување на Европската Унија, г. Јоханес Хан

Соопштение до јавноста Почитувани, Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ проф-др Христијан Мицкоски денес оствари средба со...