Како да им се верува на власта и Заев дека вложат 5 милијарди во инфраструктурата кога не се способни да реализираат ни 200 милиони капитални инвестиции, изјави пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Драган Цуклев во Топ Тема на Телма телевизија.

Цуклев изјави дека на две третини поминати од годината власта има реализирано само 28,2% односно од планирани 422 милиони, реализирани се само 120 милиони и со ова темпо до крајот на годината нема да се стигне ни до половина или 200 милиони евра и тоа е поразително.

Ако ги погледнеме податоците за барем 5 години наназад ќе констатираме дека тие во процент на реализација биле од 76 до 84%, што се случува минатата година, 50% реализација во сооднос со првично планираното, потенцираше Цуклев.

Тој нагласи дека катастрофалната реализација на капиталните инвестиции минатата и оваа година е најцврста потврда за неуспешноста на оваа владејачка гарнитура да менаџира на институциите, односно потврда за неспособноста на институциите.