Николов до Милошев: Направивте хаос во здравството, го бркате медицинскиот персонал, арогантно ја терате процедурата за нов клинички центар…

Членот на Извршен комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Николов во синоќешното издание на „Клик плус“ на ТВ21 на која учествуваа и доктор Арбен Таравари и доктор Владимир Милошев, државен секретар во министерството за здравство, остро ја искритикува моменталната состојба во здравството,набројувајќи му на Милошев десетици пропусти кои се прават од актуелниот менаџмент.

„Кои се работните групи за новиот клинички центар, кои се групите кои работат? Очигледно ги немате. Имате ли испитување на земјиштето каде треба да се гради новиот клинички центар и уште низа други истражувања, немате. Многу арогантно се тера целата процедура за новиот клинички. Има тендер и истиот го спори една компанија дека има ограничување на конкуренција, имате сега тендер за нов клинички за кој се покажа дека е спорен“, рече доктор Николов

Николов говореше и за заминување на медицинскиот персонал, за хаосот во терциерното здравство, за пропаднатиот концепт на јавно приватно партнерство и слично.

„Пропадна и јавно приватното партнерство за детска кардиохирургија, со тоа е направено само да бегаат докторите од јавно во приватно здравство“, рече Николов.

Тој спомена и за случаи на конфликт на интереси како што е случајот со претседателката на Лекарска комора која е и директорка на Клиниката за гастроентерохепатологија, Калина Гривчева Старделова.

„За да се подобрат состојбите треба да се работи, а за тоа е потребно реализирање на ветеното. Не треба да не ни се случауваат апсурдни ситуации министерот да протестира наместо да ги средува проблемите во здравството“, рече Николов.

Поврзани вести

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ поднесе иницијатива да се достави Законот за ратификација на Северно-атланскиот договор и на Пристапниот протокол за членството на Грција и Турција во Северно-атланската Алијанса (НАТО)

Интегрален текст од изјава за медиуми – Никола Мицевски, координатор на  ВМРО-ДПМНЕ во Собранието...

Мицкоски: Аферата Кеш го уклучува алармот за борба против криминалот, ќе поднесеме Закон за потекло на имот на политичари, бараме итна истрага за делувањето на обвинители и судии

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...

Мицкоски до просветните работници: Заев не ја зголемува вашата плата, туку ви одзема од вашата плата која ви е гарантирана со закон и колективниот договор во образованието

Интегрален текст од видео обраќање на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани наставници и...

Арсовски: Цели 5 месеци Русковска, Јовевски, Заев си играат со интелигенцијата на граѓаните и се обидуваат да го прикријат најголемиот криминален скандал во Македонија

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...

Кирков: Негрижата и масакрот на било кое животно користејќи дури и единици на Армијата на Република Македонија е само одлика на владеењето на Влада кон заштитата на животинскиот свет

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Стефан Кирков Почитувани, Пред само 3...