Земјоделците на протест го бараат тоа што го заслужуваат и кое што им го ветуваше Зоран Заев, а три години не го исполнува

Интегрален текст од изјава за медиуми на Цветан Трипуновски – член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ

Почитувани,

Денеска сум овдека на протестот кој што го организира здружението  на лозари и овоштари од Тиквешкиот регион на нивна поддршка бидејќи си ги бараат правата кои што ги заслужуваат.

Само за потсетување, Зоран Заев од ова место пред три ипол години ветуваше дека ќе има сигурен пласман, поголеми и високи откупни цени и загарантиран пласман за сите земјоделски производи. Гледаме дека овие три години Зоран Заев само лаже и манипулира со трудот и маката на македонскиот земјоделец.

Денеска овдека без срам и перде и чист образ, се појавува министерот да ги убедува земјоделците, оној министер и претходен министер Николовски кој што три години ги манипулираат и секојдневно им вршат притисоци на земјоделците затоа што си ги бараат своите права.

Ветуваа пласман, нема ништо од тоа. Ветуваа сигурни и повисоки откупни цени, нема ништо од тоа. Денеска сме овдека на овој протест да дадеме поддршка  на македонскиот земјоделец, на земјоделецот којшто ја храни Македонија, а не на криминалната влада на Зоран Заев кои работат само за сопствени интереси.

Секојдневно гледаме на пропустите коишто ги прави оваа влада, поготово во секторот земјоделие.

Јас ќе останам овдека до последно со македонските земјоделци затоа што тие се столбот на македонската економија и државност и нема да попуштиме, си го бараме она што го ветуваа.

Зоран Заев ветуваше брда и планини, нема ништо сега. Сега уживаат во климатизирани канцеларии, а денеска ги нема тука нигде.

Новинарско прашање: Разговаравте тет а тет со министерот и тој вели дека едноставно не му е јасно кои барања ги имаат земјоделците?

Одговор:  Јас му упаднав на министерот се со цел да го испровоцирам да прифати тв дебата. Ако се толку силни во аргументите, ако се толку убедени дека цвета македонското земјоделие, ако се толку убедени дека Македонија галопира кон Европската Унија, ајде да излеземе на една тв дебата. Да ги соочиме аргументите, нека знае целата македонска јавност со кого и со што и како манипулираат со македонското земјоделие. Се надевам дека министерот нема само во проформа да каже дека ќе излезе, очекувам во наредните денови да одреди место, телевизиска куќа и локација каде што сака да се соочиме, нека знаат граѓаните. Меѓутоа министерот не треба да биде глув на барањата на земјоделците нека излезе на терен нека ги праша лично нив како живеат, нека ги праша дека на крајот од годинава ниту еден лозар нема да биде среќен, затоа што лозарите не го продаваат својот труд, туку го предаваат од што мораат и немаат каде да го продадат.

Поврзани вести

Арсовски: Цели 5 месеци Русковска, Јовевски, Заев си играат со интелигенцијата на граѓаните и се обидуваат да го прикријат најголемиот криминален скандал во Македонија

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...

Кирков: Негрижата и масакрот на било кое животно користејќи дури и единици на Армијата на Република Македонија е само одлика на владеењето на Влада кон заштитата на животинскиот свет

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Стефан Кирков Почитувани, Пред само 3...

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ ,Христијан Мицкоски оствари средба со Комесарот за европска соседска политика и преговори за проширување на Европската Унија, г. Јоханес Хан

Соопштение до јавноста Почитувани, Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ проф-др Христијан Мицкоски денес оствари средба со...