Трипуновски:ВМРО-ДПМНЕ поднесе кривична пријава до ЈО за криминал тежок 300.000 евра

Интегрален текст од изјава за медиуми на Цветан Трипуновски, Член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ

Почитувани,

Трет ден како ја повикуваме власта и ЈО за криминал тежок од 300.000 евра, а реакција досега нема. Кој и зошто го штити Кире Неделковски, партиски функционер на  СДСМ и близок човек на Зоран  Заев, Оливер Спасовски и Љупчо Николовски!?

Дали парите од криминалот завршиле на Илинденска или можеби со нив е финансирана кампањата на СДСМ!?

Со недејствувањето на власта на Кире Неделковски му е овозможено во период од две години од Сојузот на тутунари на Република Македонија на своја лична сметка и на сметка на свои блиски луѓе да префрли скоро 300.000 евра.

Почитувани ова е криминал којшто се гледа дури и од авион.

Ова се документите коишто  го покажуваат тоа. Ова се изводите од банкарска сметка на Сојузот, од коишто јасно се гледа патот на парите.

Иако имало сериозни одливи на пари од сметката на Сојузот на личната сметка на Неделковски, реакција од Управата за финансиско разузнавање и ЈО сеуште  нема. Недејствувањето на институциите индицира на тоа дека не е Неделковски тој што се  штити, туку очигледно некој друг којшто стои позади сето ова.

Сојузот иако поднел кривична пријава уште на 18.10.2018 година, реакција од ЈО  нема, а Неделковски е на слобода. Пријателот на Заев, Спасовски и Николовски, Кире Неделковски, иако разрешуван од позицијата претседател на Сојузот, повторно е враќан на позицијата претседател и му е овозможено да го повтори делото и да направи криминал во континуитет.

Ова се финансиските извештаи коишто се направени во Сојузот, од страна на Надзорниот одбор коишто го докажуваат криминалот којшто го има направено Кире Неделковски.

Почитувани,

Овие документи, доставени до нас од свиркач, заедно со кривичната пријава од партијата ќе ги поднесеме до ЈО. Оттука апелираме до ЈО да не се дрзнуваат да штитат криминал. Напротив одговорност за секое незаконие мора да има, како за извршителите, така и за нарачателите.

Поврзани вести

Арсовски: Цели 5 месеци Русковска, Јовевски, Заев си играат со интелигенцијата на граѓаните и се обидуваат да го прикријат најголемиот криминален скандал во Македонија

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...

Кирков: Негрижата и масакрот на било кое животно користејќи дури и единици на Армијата на Република Македонија е само одлика на владеењето на Влада кон заштитата на животинскиот свет

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Стефан Кирков Почитувани, Пред само 3...

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ ,Христијан Мицкоски оствари средба со Комесарот за европска соседска политика и преговори за проширување на Европската Унија, г. Јоханес Хан

Соопштение до јавноста Почитувани, Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ проф-др Христијан Мицкоски денес оствари средба со...