Советничка група на ВМРО-ДПМНЕ: Шилегов крати од капитални проекти, зголемува паушали на одборите, и обезбедува нови 180 партиски вработувања

Соопштение до јавноста

Почитувани,

Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „За Подобра Македонија“ ја информира јавноста за неколку скандалозни одлуки предложени на 40-сетата седница на Советот на Град Скопје:

  1. Шилегов предлага измена на распоредот на средства во Буџетот на Град Скопје со кој се кратат пари од клучни проекти за скопјани, наместо да се крати од купување на службени автомобили и други услужни добра. Имено Градот Скопје и Шилегов кратат 42 милиони денари од ставката реконструкции на улици и патишта, а дури 17.6 милиони денари од ставката капитални инвестиции, изградба на улици и булевари. Втора година по ред Петре Шилегов нема започнато изградба на нов булевар. Исто се кртат средства и од јавно осветлување на улични и јавни површини за 10 милиони денари.
  2. Продолжува трендот на преполнување на јавните претпријатија со нови партиски вработувања на товар на граѓаните. Па така Шилегов заборавајќи на ветувањата за мала и ефикасна администрација, носи одлука за 170 нови вработувања во ЈСП до крајот на годината и 11 нови вработувања од КИЦ.

3.Извештајот на работа на Јавното Претпријатие за Водовод и канализациja во првите 6 месеци од годината предложено на седницата на Советот покажува зголемување на непродуктивните трошоци и сомнежи за злоупотреба на средствата на граѓаните.

-ЈП Водовод и Канализација донело одлука за зголемување на паушалите на членовите на Надзорен и Управен одбор на претпријатието за цели 42 проценти споредено со истиот период лани.

-За 5 пати претпријатието ги има зголемено трошоците за репрезентација.

-Во првите 6 месеци ЈП Водовод и канализација и директорот Душко Весовски ги зголемил за два ипол пати трошоците за рекламирање на претпријатието, и тоа споредено со лани од 630 илјади денари на 1.3 милион денари. За ставката истражување и развој лани во истиот период претпријатието потрошило 10 илјади денари, а во овој 6 месечен период цели 2.3 милиони денари.

– Директорот на Водовод и канализација нема одговор на кој се адвокати се исплатени над 800 илјади евра за извршени услуги.

  1. Воедно градот Скопје и Шилегов ја продолжуваат праксата на полнење на управните и надзорните одбори на јавните претпријатија со партиски активисти и членови. Во таа насока предлозите за именувања на нови членови се даваат без потврда за професионалното портфолио на новите членовите и гаранција дека ги исполнуваат законските услови. Евидентно е дека пополнувањето на тие места е по партиски, а не професионални заслуги. Па така Шилегов за надзорниот одбор на МКЦ предлага лице кое било финансиер на СДСМ на последните парламентарни избори и е ревносен партиски активист на партијата на власт.

Со секој изминат ден Шилегов ја покажува својата неработа, незнаење и неспособност.

2 години Крадоначалник Шилегов, 2 години лаги, криминали и неработа.

 

Со почит,
Советничка група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата За подобра Македонија во Град Скопје

Поврзани вести

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ поднесе иницијатива да се достави Законот за ратификација на Северно-атланскиот договор и на Пристапниот протокол за членството на Грција и Турција во Северно-атланската Алијанса (НАТО)

Интегрален текст од изјава за медиуми – Никола Мицевски, координатор на  ВМРО-ДПМНЕ во Собранието...

Мицкоски: Аферата Кеш го уклучува алармот за борба против криминалот, ќе поднесеме Закон за потекло на имот на политичари, бараме итна истрага за делувањето на обвинители и судии

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...

Мицкоски до просветните работници: Заев не ја зголемува вашата плата, туку ви одзема од вашата плата која ви е гарантирана со закон и колективниот договор во образованието

Интегрален текст од видео обраќање на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани наставници и...

Арсовски: Цели 5 месеци Русковска, Јовевски, Заев си играат со интелигенцијата на граѓаните и се обидуваат да го прикријат најголемиот криминален скандал во Македонија

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...

Кирков: Негрижата и масакрот на било кое животно користејќи дури и единици на Армијата на Република Македонија е само одлика на владеењето на Влада кон заштитата на животинскиот свет

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Стефан Кирков Почитувани, Пред само 3...