Јанушев: За што станува збор кога докторот Филипче протестира против министерот Филипче?

Ранет лекар на работно место, претепан доктор во ходник во болница, нападнат медицински персонал, хорор услови за работа, разрушени болници, хаос во кој освен по здравјето, се удира по човечкото достоинство … и ова не е Калкута, Индија, ова е Македонија во 2019 година и речиси секојдневие на здравствените работници, кои се децидни дека станува збор за комплексен проблем на кој не се обрнува внимание со години и затоа ескалира, а здравствениот систем е блиску до крахот.

Здравствените работници доставија пет барања до министерството и надлежните – носење на закон за докторска дејност, законски измени со кои би се изедначил нападот врз медицинско лице со оној врз службено лице, полициско обезбедување во здравствените установи, креирање на систем за контрола на медицинските работници и вклучување на лекарите во носењето на политиките во здравството.

Е сега, за да биде иронијата поголема и да не помине ден без скандал се погрижи криминално-рекетарската банда на власт.

Имено, министерот Филипче изјавува:

“Моето присуство тука е поддршка. Во смисла на тоа дека треба да се преземат сериозни процеси кои што до сега не беа преземени, за да се врати дигнитетот на здравствените работници, да имаат пациентите поголема доверба во лекарите”.

Значи најодговорниот и најповиканиот, и всушност оној кон кого се упатени барањата и од кого се очекува да ги решава проблемите на здравствените работници изјавува дека “треба да се преземат сериозни процеси”!?!

Не сум стручен, затоа еве јавно ќе повикам некој кој е, да објасни пред целата Македонска јавност за што станува збор кога докторот Филипче протестира против министерот Филипче???

Неспособни!!!

#КриминалноРекетарскаВлада
#Оставка
#ПредвремениПарламентарниИзбори

Поврзани вести

Арсовски: Цели 5 месеци Русковска, Јовевски, Заев си играат со интелигенцијата на граѓаните и се обидуваат да го прикријат најголемиот криминален скандал во Македонија

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...

Кирков: Негрижата и масакрот на било кое животно користејќи дури и единици на Армијата на Република Македонија е само одлика на владеењето на Влада кон заштитата на животинскиот свет

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Стефан Кирков Почитувани, Пред само 3...

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ ,Христијан Мицкоски оствари средба со Комесарот за европска соседска политика и преговори за проширување на Европската Унија, г. Јоханес Хан

Соопштение до јавноста Почитувани, Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ проф-др Христијан Мицкоски денес оствари средба со...