СДСМ наместо да ги афирмира и подобрува факултетите во Македонија, нуди мерки со кои ги става  во подредена улога и ги деградира

Соопштение до јавноста – реакција на изјавата на Ана Манасиева

СДСМ наместо да ги афирмира и подобрува факултетите во Република Македонија, нуди мерки со кои ги става  во подредена улога и ги деградира.

Додека  СДСМ ги залажува младите со едномесечни  обуки за ИТ вештини, над 4.000 студенти од  Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ)  се уште чекаат на новата зграда која власта очигледно нема намера да ја догради.

И наместо студентите на ФИНКИ да добијат нова зграда со современи услови за изучување и надградување на ИТ вештините, Владата спроведува мерка за обука која повторно би ја користеле истите лица со оглед дека се потребни одредени предзнаења.

Впрочем доколку  СДСМ се грижеше за ИТ секторот во државава немаше да ги покачи даноците и со тоа директно да го загрози, а воедно и  да ја стимулира сивата економија.  Доказ за тоа е што во моментот кога СДСМ го покачи данокот на почетокот на 2019 година просечната плата во овој сектор падна од 75.546 на 56.664 денари.

А да не заборавиме дека ИТ секторот се уште ги чека инвестициите на Гугл и Фејсбук со кои Зоран Заев толку многу се фалеше.

Повеќе од јасно е дека оваа власт нема намера да вложува во  образованието и создавање на квалитетен кадар кој подоцна би бил конкурентен на пазарот на труд.

СДСМ ги излажа и изневери младите лица во Република Македонија. Младите заслужуваат подобро.

 

  Со почит,
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Поврзани вести

Арсовски: Цели 5 месеци Русковска, Јовевски, Заев си играат со интелигенцијата на граѓаните и се обидуваат да го прикријат најголемиот криминален скандал во Македонија

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...

Кирков: Негрижата и масакрот на било кое животно користејќи дури и единици на Армијата на Република Македонија е само одлика на владеењето на Влада кон заштитата на животинскиот свет

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Стефан Кирков Почитувани, Пред само 3...

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ ,Христијан Мицкоски оствари средба со Комесарот за европска соседска политика и преговори за проширување на Европската Унија, г. Јоханес Хан

Соопштение до јавноста Почитувани, Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ проф-др Христијан Мицкоски денес оствари средба со...