Стоилковски: Избори за народот да каже дали е за Октоподот или за Обновата

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Наум Стоилковски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ

Почитувани,

Зоран Заев и СДСМ секојдневно тонат и ја влечат Македонија во криминогеност и корупција. Зоран Заев знае дека ја нема поддршката од граѓаните кои што оддамна веќе не му веруваат на лагите. Зоран Заев знае дека неговото владеење се темели само и само врз злоупотреби на власта. И токму затоа Зоран Заев бега од избори!

Зоран Заев од позиција на моќ и злоупотреба на институциите, бега од одговори за Рекет,  од одговори за Леонардо, бега од одговори за Тополки, за Крвави тендери, за постојано задолжување, бега од одговори за крахот на капиталните проекти, Заев бега од одговори за сите лаги и сите манипулации до сега. Заев бега од одговори, бега од избори, бидејќи на избори тој ќе го добие одговорот за сите негови лаги.

Со Зоран Заев, Македонија тоне на сите рејтинг листи, Македонија тоне на економски, образовен, здравствен, социјален план, тоне во инвестиции, тоне во криминал, корупција и неказнивост на криминалците. Зоран Заев знае дека граѓаните не веруваат во институциите, во правниот систем, не веруваат во здравството, во образованието, не веруваат на економијата, не веруваат на лагите на Зоран Заев за земјоделството. Разочараноста на граѓаните ја празни државата. Секојдневно десетици и десетици автобуси со македонски граѓани итаат во еден правец надвор од Македонија, граѓаните буквално бегаат од девастирачките политики на Зоран Заев.

Зоран Заев со неговата државна мафија го згази достоинството на чесните луѓе. Фатени се во огромен криминал, фатен е во огромен рекетарско-обвинителско-политички октопод преку кој што отворено тргува со правдата, со законите, монтира обвинителски акти за да уценува, изнудува и да ја гази правната држава.

Зоран Заев своето владеење го потпира само и само врз тој октопод. Ја погази правдата, сега ги гази и оние на чии што раменици беше поставен на власт. Инсталираше Луј Витон правосудство за да го штити криминалот и да ги гони политичките опоненти, додека со судски случаи се уценуваат милиони евра рекет.

Поразот на Заев му е неминовен. Нарачаните анкети и анализи на Заев веќе не минуваат ниту во членството на СДСМ. Но, ако Заев верува на тие мерења, сега и веднаш да излезе на избори и  на соочување со граѓаните. Изборите се вистинската анкета!

Зоране Заев, доста е, ајде  на избори! Македонија не заслужува вакво понижување, граѓаните не заслужиле да бидат поданици на криминалот и на корупцијата, да живеат без сигурна иднина. Итно се потребни избори за Македонија да се ослободи од сидрото Заев! Итно треба да се формира техничка влада за да се овозможат фер и демократски избори, за да се заштити изборниот процес од полнења на кутии и од  изборни манипулации. Избори, па народот да каже дали е за Октопод или за Обнова!

Поврзани вести

Арсовски: Цели 5 месеци Русковска, Јовевски, Заев си играат со интелигенцијата на граѓаните и се обидуваат да го прикријат најголемиот криминален скандал во Македонија

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...

Кирков: Негрижата и масакрот на било кое животно користејќи дури и единици на Армијата на Република Македонија е само одлика на владеењето на Влада кон заштитата на животинскиот свет

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Стефан Кирков Почитувани, Пред само 3...

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ ,Христијан Мицкоски оствари средба со Комесарот за европска соседска политика и преговори за проширување на Европската Унија, г. Јоханес Хан

Соопштение до јавноста Почитувани, Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ проф-др Христијан Мицкоски денес оствари средба со...