СДСМ и Аце Коцевски со рекордни нови 142 вработувања го партизираат ЈКП Дервен од Велес

 Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Петре Саздов советник од ВМРО-ДПМНЕ во Совет на Општина Велес

Почитувани,

Како советничка група на општествено одговорна партија како што е ВМРО-ДПМНЕ и нејзините коалициони партнери, сакаме јавно да ги запознаеме граѓаните на Општина Велес за тоа што се случува со „домаќинското”  работење на Општина Велес на чело со градоначалникот Коцевски и неговите соработници и кадри.

Имено на вчерашната, 40-та седница на Советот на Општина Велес, советничкото мнозинство предводено од СДСМ донесе  ПРЕДЛОГ ГОДИШЕН ПЛАН ЗА ВРАБОТУВАЊЕ во ЈКП Дервен.

Да ве потсетам, почитувани сограѓани, господинот Коцевски пред две години ни велеше дека има превработеност во јавните претпријатија и општинската администрација, за сега да бидеме сведоци на еден ваков план кој предвидува рекордни 142 нови работни места, од кои 42 се референти и шефови.

Повторно ќе бидеме сведоци на нови партиски вработувања сега во ЈКП Дервен, кое веќе две години работи со енормна загуба.

Господинот Коцевски заедно со директорот на ЈКП Дервен, Душко Ќумбев, повторно планираат нови вработувања а со тоа и проширување на мрежата на партизирана администрација.

В.Д Директорот на ЈКП Дервен, кој не беше избран поради неисполнување на условите за директор, би морал да им одговори на велешани зошто имавте прекин на договорите и отпуштања од работа на околу 40 вработени кои не беа политички истомисленици со вас, за сега да планирате нови 142 работни места. Одговор господине директоре ќе морате да дадете и за недомаќинското работење кое резултира со огромна загуба за време на вашето директорување.

Почитувани сограѓани, вакво е работењето на СДСМ и Аце Коцевски во нашиот град и јавните претпријатија. Ова е се само не е домаќинско работење кое го ветуваа и за кое тврдеа дека ќе го донесат додека гордо мафтаа презентирајќи ја програмата за живот.

Како последица на тоа логично би било да очекуваме ново поскапување на цените на водата и јавните давачки за да може да ги задоволат  апетитите на партиската војска на СДСМ.

Со овој план и динамика на нови вработувања, прашање е кога тие вработени ќе престанат да земаат плата поради побарувањата кон ЈКП ДЕРВЕН, и дали се уште сметаат дека се оправдани покачувањата на хонорарите на членовите на УО во време на задолжувања.

Поврзани вести

Арсовски: Цели 5 месеци Русковска, Јовевски, Заев си играат со интелигенцијата на граѓаните и се обидуваат да го прикријат најголемиот криминален скандал во Македонија

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...

Кирков: Негрижата и масакрот на било кое животно користејќи дури и единици на Армијата на Република Македонија е само одлика на владеењето на Влада кон заштитата на животинскиот свет

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Стефан Кирков Почитувани, Пред само 3...

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ ,Христијан Мицкоски оствари средба со Комесарот за европска соседска политика и преговори за проширување на Европската Унија, г. Јоханес Хан

Соопштение до јавноста Почитувани, Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ проф-др Христијан Мицкоски денес оствари средба со...