Милошоски:ВМРО-ДПМНЕ бара собраниска анкетна комисија за СЈО

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Антонијо Милошоски-Пратеник на ВМРО-ДПМНЕ

Почитувани новинари денес би сакал да презентирам една иницијатива , пратеничката група на ВМРО ДПМНЕ денес поднесува до Собранието предлог одлука за основање на анкетна комисија за утврдување на евентуалното нестручно, несовесно и незаконито работење на СЈО во рамките на оваа институција.

Ова предлог одлука ја поднесуваме до Собранието затоа што токму собранието на предлог на Советот на јавни обвинители констатираше дека специјалниот обвинител госпоѓа Катица Јанева работела нестручно , незаконски и несовесно и сакаме во име на граѓаните како даночни обврзници кои одвоиле од прилика 15 милиони евра за работењето досегашно на СЈО да ги утврдиме фактите на кој  начин биле трошени средствата и на кој начин се постапувало по одредени други процедури внатре во самото  СЈО. Анкетната комисија би се состоела од претседател и 10 членови , сметаме како иницијатори дека имаме и капацитет и согласно собраниската пракса да номинираме претседател на оваа Анкетна комисија а сите други политички партии согласно нивното присуство во Собранието да делегираат членови во Анкетната комисија. Анкетната комисија не би се занимавала со било какви обвинителски  или судски предмети бидејќи не сака ниту може да биде обвинител ниту судија но би го утврдувала начинот на материјално и финансиско работење на обвинителството , почитување на постоечките законски процедури и деловодници  внатре во самото обвинителство . Законитост на постапките при вработување во самото обвинителство утврдување на можни конфликтни интереси или непотизам при вработување како и трошењето на средствата по однос на сомнителни хонорари за она што го имаме како дојава за потпишување на договори за чување на деловна тајна која што сметаме дека по самиот опис на работа не би требало да ги исклучуваат обвинителите или вработените внатре во обвинителството бидејќи законот им налага во секој случај со самото засновање на работен однос да чуваат деловна тајна а сметаме дека имало голем дел на такви договори и исплатени хонорари кои што според нас немаат законска основа.

Тоа што би сакал да го напоменам е дека во ваквата Анкетна Комисија како придружни членови или набљудувачи, би биле поканети и претставници на шведската, американската  и  холандската амбасада бидејќи овие три држави имаа значителен финансиски учинок и влог во буџетот на СЈО од даночните обврзници на нивните земји и сметаме дека би имале право да имаат увид во тоа како биле потрошени или како се располагало со средствата на нивните даночни обврзници во рамките на работата на СЈО. Очекуваме по однос на овој закон ох извинете по однос на оваа предлог одлука за Анкетна комисија во најскоро можно време да се изјаснат и останатите политички партии особено колегите од владејачкото мнозинство кој што заедно со сите други пратеници ја испочитуваа одлуката на Советот на јавни обвинители за незаконско нестручно и несовесно работење на специјалната обвинителка Катица Јанева која што беше најбитната фигура во оваа институција и тоа е доволна основа да имаме мотив да го провериме работењето на СЈО во деловите кои што ги спомнав. Тоа би било од прилика она што сакав да го изнесам  денес и да ве информирам дека ќе ја поднесеме од собранието  оваа предлог одлука.

 

Поврзани вести

Арсовски: Цели 5 месеци Русковска, Јовевски, Заев си играат со интелигенцијата на граѓаните и се обидуваат да го прикријат најголемиот криминален скандал во Македонија

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...

Кирков: Негрижата и масакрот на било кое животно користејќи дури и единици на Армијата на Република Македонија е само одлика на владеењето на Влада кон заштитата на животинскиот свет

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Стефан Кирков Почитувани, Пред само 3...

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ ,Христијан Мицкоски оствари средба со Комесарот за европска соседска политика и преговори за проширување на Европската Унија, г. Јоханес Хан

Соопштение до јавноста Почитувани, Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ проф-др Христијан Мицкоски денес оствари средба со...