Јаулески: Поради погубните политики на Заев младите во државата секојдневно ја напуштаат Република Македонија

Интегрален текст од изјава за медиуми на Јован Јаулески, Претседател на УМС на ВМРО-ДПМНЕ

Почитувани,

Младите се срамат од СДСМ и Зоран Заев.Младите секојдневно во полни автобуси ја напуштаат Македонија заради погубните политики на Заев и кликата околу него.

Само во еден ден од мал град од Источна Македонија, како што е Делчево си заминале над 1000 луѓе, од кои голем број млади.

Криминалот и корупцијата кои се присутни во секоја пора на општеството ги принудуваат младите  по завршување на факултетот да ја напуштат Македонија. САД, Германија и другите европски држави се редовна дестинација каде младите работат како келнери со дипломи на инжињери.

Заев и неговата клика ги лажеа младите додека да дојдат на власт. Оставаа патики и кондури пред владата, ветувајќи дека ќе ги вратат иселените млади. Не само што не ги вратија, туку и дополнително се иселуваат, секој ден се повеќе.

Зоран Заев и другите од неговата клика немаат кредибилитет да излезат пред младите, затоа што ги излажаа, искористија и злоупотребија. Младите никогааш повеќе нема да им веруваат на лагите на власта.

И додека младите мизеруваат, функционерите на СДСМ седат во удобните фотељи во министерските кабинети. Младите страдаат, а функционерите се луксузираат. Ова мора да запре. СДСМ  мора час поскоро  да  замине. Предвремени избори што побрзо.

Поврзани вести

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ поднесе иницијатива да се достави Законот за ратификација на Северно-атланскиот договор и на Пристапниот протокол за членството на Грција и Турција во Северно-атланската Алијанса (НАТО)

Интегрален текст од изјава за медиуми – Никола Мицевски, координатор на  ВМРО-ДПМНЕ во Собранието...

Мицкоски: Аферата Кеш го уклучува алармот за борба против криминалот, ќе поднесеме Закон за потекло на имот на политичари, бараме итна истрага за делувањето на обвинители и судии

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...

Мицкоски до просветните работници: Заев не ја зголемува вашата плата, туку ви одзема од вашата плата која ви е гарантирана со закон и колективниот договор во образованието

Интегрален текст од видео обраќање на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани наставници и...

Арсовски: Цели 5 месеци Русковска, Јовевски, Заев си играат со интелигенцијата на граѓаните и се обидуваат да го прикријат најголемиот криминален скандал во Македонија

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...

Кирков: Негрижата и масакрот на било кое животно користејќи дури и единици на Армијата на Република Македонија е само одлика на владеењето на Влада кон заштитата на животинскиот свет

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Стефан Кирков Почитувани, Пред само 3...