Јанушев:Заев – водачот на криминално-рекетарската влада повторно се обидува да се “пере” околу аферата “Рекет

Зоран Заев – водачот на криминално-рекетарската влада повторно се обидува да се “пере” околу аферата “Рекет”.

“Јас мислам како оди истрагата, како е транспарентно водена, како демонстрира независност ЈО како дел од правосудниот систем , може да чекира уште едно практично завршување на борба против криминалот и корупцијата пред партнерите од Европската заедница заради тоа што покажуваме дека при вака сензитивни случаеви независност во работењето на правосудството, во конкретниот случај на ЈО каде што сопственик на медиум близок до власта е во притвор, каде што јавен обвинител е во притвор, истрагата допира до сите без разлика дали е политичар, бизнисмен или кој било од нашето општество. Тоа е вредност во европските земји и тоа може само буквално да ни се чекира, односно потврди, како еден исчекор повеќе кон европеизацијата”!?! 😲

Веројатно, најголем дел престанале да ја слушаат, односно читаат изјавата на Заев после “јас мислам” … но, нејсе.

На дело видовме како Заев и СДСМ креираат рекетарско-обвинителско-политичка банда, како креираат и монтираат обвинителски акти, за потоа да уценуваат и изнудуваат!?!

Нема правда, нема мир – од “ударно” мото, многу брзо го заборавија и наместо тоа инсталираа Луј Витон правосудство кое има за цел да го штити криминалот на власта, а истовремено да ги гони политичките неистомисленици на Заев.
Правдата ја претворија во политичка маша во рацете на Заев, која згора на се, ја корстат и за земање на милионски суми рекет.

И ова не е ни процент од криминалите, скандалите и катастрофалните чекори на криминално-рекетарската банда на Заев, ова е само врвот од сантата мраз.

Секој ден излегува нова вистина за криминалот на власта, да видиме што ново ќе смисли за аферата “Рекет” … но и за “Рекет 2”, “Рекет 3” итн!?! 😉

#КриминалноРекетарскаВлада
#Оставка
#ПредвремениПарламентарниИзбори

Поврзани вести

Арсовски: Цели 5 месеци Русковска, Јовевски, Заев си играат со интелигенцијата на граѓаните и се обидуваат да го прикријат најголемиот криминален скандал во Македонија

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...

Кирков: Негрижата и масакрот на било кое животно користејќи дури и единици на Армијата на Република Македонија е само одлика на владеењето на Влада кон заштитата на животинскиот свет

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Стефан Кирков Почитувани, Пред само 3...

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ ,Христијан Мицкоски оствари средба со Комесарот за европска соседска политика и преговори за проширување на Европската Унија, г. Јоханес Хан

Соопштение до јавноста Почитувани, Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ проф-др Христијан Мицкоски денес оствари средба со...