Илиоски: Власта има намера целосно да го партизира изборот на судии и јавни обвинители

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Зоран Илиоски-Пратеник на ВМРО-ДПМНЕ

Почитувани,

СДСМ и Зоран Заев немаат намера да запрат со урнисување на правниот систем во Република Македонија.

Со новиот Предлогзакон за Академија за судии и јавни обвинители, оваа власт има намера целосно да го партизира процесот на избор на судии и јавни обвинители.

Овој предлог на закон предвидуваво органите на Академијата и во комисијата за прием и завршен испит да членува претставник од Министерството за правда, предложен од министерот,кој што директно ќе влијае во процесот на селекција на кандидатите.

Покрај тоа што СДСМ повторно и на овој закон какои на многу други досега, го злоупотребува европското знаменце со цел да ја ограничи расправата и на мала врата да го протне законот, најавуваме дека пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата ќе се спротистави на ова несериозно газење на правната држава.

Имено, власта со овој закон предвидува дури 70 од вкупно 100 поени, да се добиваат пред Комисија, по субјективна проценка, во која комисија влијание има министрот за правда.

Ова значи дека власта на овој начин до јуни 2020 годинапланира да избере стотина или повеќе „подобни“ обвинители и судии.

Сметаме дека со овој предлог закон наместо да се подобруваат стандардите и да се подигнуваат на повисоко ниво, власта го девалвира изборот на идни судии и обвинители со што го прави субјективен и да зависи од личности, а не од самиот квалитет на кандидатите. Тоа покажува дека на Зоран Заев и на СДСМ не им е битно Македонија во иднина да има професионални и независни судии и обвинители туку подобни судии и обвинители кои ќе замижуваат пред нивните криминали и афери.

Како пример, субјективизмот во изборот на судии и обвинители е во тоа што наместо познавање на англиски јазик да се докажува со меѓународен сертификат, кандидатите го полагаат по тестови и прашања составени од фирмаизбрана од Генералниот секретар на Владата, во случајов Драги Рашковски, односно Генералниот секретар е надлежен за тендерската постапка на Академијата, а тендерот го има добиено негов куќен пријател, чија што сопруга работи во владата преку авторски договор, што е уште еден случај на директно политичко влијание.

Исто така, наместо да се воведе мерит систем за кандидатите преку рангирање на факултетите според шангајската листа и просекот што го оствариле кандидатите во текот на студирањето, со овој закон секој кандидат за кој што Заев и СДСМ сметаат дека е партиски подобен ќе може да биде судија или обвинител.

Едноставно кажано со новиот Предлог закон за Академија за судии и обвинители полесно ќе биде да се стане судија или обвинител отколку државен службеник.

Ова решение веќе постои во Законот за административни службеници. Замислете мерит системот важи за административни службеници, а нема да важи за Академијата за судии и обвинители. Тотален апсурд.

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата смета дека ова законско решение е многу штетно и не го подобрува правниот систем туку дополнително ќе го партизира и уништи.

Во текот на собраниската процедура ќе поднесеме суштински амандмани кои што значително ќе го подобрат текстот на законот и истите ќе допринесат за оваа Академија на судии и обвинители продуцира професионални и пред се независни кадри кои што би требало да го кренат правниот систем и правната држава на здрави нозе.

Поврзани вести

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ поднесе иницијатива да се достави Законот за ратификација на Северно-атланскиот договор и на Пристапниот протокол за членството на Грција и Турција во Северно-атланската Алијанса (НАТО)

Интегрален текст од изјава за медиуми – Никола Мицевски, координатор на  ВМРО-ДПМНЕ во Собранието...

Мицкоски: Аферата Кеш го уклучува алармот за борба против криминалот, ќе поднесеме Закон за потекло на имот на политичари, бараме итна истрага за делувањето на обвинители и судии

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...

Мицкоски до просветните работници: Заев не ја зголемува вашата плата, туку ви одзема од вашата плата која ви е гарантирана со закон и колективниот договор во образованието

Интегрален текст од видео обраќање на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани наставници и...

Арсовски: Цели 5 месеци Русковска, Јовевски, Заев си играат со интелигенцијата на граѓаните и се обидуваат да го прикријат најголемиот криминален скандал во Македонија

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...

Кирков: Негрижата и масакрот на било кое животно користејќи дури и единици на Армијата на Република Македонија е само одлика на владеењето на Влада кон заштитата на животинскиот свет

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Стефан Кирков Почитувани, Пред само 3...