Трипуновски:Дали 300 000 евра завршија кај претседателот на Сојузот на тутунопроизводителите кој го поставија Заев и Николовски?

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Цветан Трипуновски-член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ

Почитувани,

Додека земјоделците солзи ронат за денар повеќе за родот свој, лица од власта ги крадат нивните пари.

СДСМ со доаѓањето на власт на чело на Сојузот на здруженија на тутунопроизводители  постави лице блиско до Зоран Заев и Љупчо Николовски за кое постои сомнение дека испумпало скоро 300 илјади евра, пари наменети исклучиво за работење и плаќање на поверeниците кои што треба да го следат текот и откупот на тутун во Република Македонија.

Целиот криминален случај започнува со назначувањето на Кире Неделковски за претседател на Сојузот, близок човек на Заев и Николовски. Неделковски се впушта во акција и во периодот додека е претседател на Сојузот испумпува повеќе од 17 милиони денари.

Во врска со овој криминал, Иницијативен одбор на Здружението на тутунопроизводители испраќа известување до Зоран Заев, Љупчо Николовски, Стопанската комора на Република Македонија и Централниот регистар поткрепено со официјална документација којшто го докажува криминалот којшто го правел пријателот на Заев и Николовски, Кире Неделковски, но реакција од власта половина година нема.

И покрај разрешувањето на Кире Неделковски илјадници тутунопрозиводители остануваат  оштетени, а власта со прст не мрда, во насока на нивна помош и решавање на овој криминал.

Почитувани,

Зошто молчи власта? Зошто истрагата за овој случај се одолговлекува? Кој ќе ги обештети поверениците?  Ова се прашања  на коишто земјоделците очекуваат одговор.

Ова е уште еден доказ дека Зоран Заев и луѓето околу него не работат за Македонија и нејзин развој, туку позициите ги користат за лично богатење.

Го повикуваме ЈО во најбрз можен рок да го испита овој случај и да превземе конкретни мерки, како за санкционирање на криминалот, неговите нарачатели и покровители, така и на враќање на парите на сметка на Сојузот на тутунопрозиводители.

Почитувани,

Секој еден кој на било кој начин ќе се обиде да ја забошоти истрагата треба да знае дека по враќање на правната држава санкции за секое кривично дело  во Република Македонија ќе има.

Поврзани вести

Арсовски: Цели 5 месеци Русковска, Јовевски, Заев си играат со интелигенцијата на граѓаните и се обидуваат да го прикријат најголемиот криминален скандал во Македонија

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...

Кирков: Негрижата и масакрот на било кое животно користејќи дури и единици на Армијата на Република Македонија е само одлика на владеењето на Влада кон заштитата на животинскиот свет

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Стефан Кирков Почитувани, Пред само 3...

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ ,Христијан Мицкоски оствари средба со Комесарот за европска соседска политика и преговори за проширување на Европската Унија, г. Јоханес Хан

Соопштение до јавноста Почитувани, Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ проф-др Христијан Мицкоски денес оствари средба со...