Експресниот пат Штип – Радовиш е проект на ВМРО-ДПМНЕ,а власта три години ништо не правеше во однос на  негова изградба

Соопштение до јавноста – реакција на изјавата на Горан Сугарески

Владата работи на проектите на ВМРО-ДПМНЕ во инфраструктурата, но во многу бавно темпо. Експресниот пат Штип – Радовиш е проект на ВМРО-ДПМНЕ, а власта три години ништо не правеше во однос на  негова изградба.

Колку инфраструктурата и е важна на оваа власт, може да се види од ребалансот на буџетот, со кој тие скратија над 50тина милиони евра од ставката капитални инвестиции.

Со делот кој СДСМ го скрати од ставката капитални инвестиции за оваа година, можеше во целост да се изгради патот Штип – Радовиш, да се направи уште еден Клинички центар како тој во Штип, кој еве трета година не можат да го направат, но СДСМ на развој фрла пари на популизам.

На Зоран  Заев и Горан Сугарески им помина цел мандат, а не направија ништо за граѓаните.

Заев и Сугарески треба да знаат дека нивното време поминува и треба ефективно да го искористи во некочење на проектите почнати уште во времето на ВМРО-ДПМНЕ.

Време е за одговорност и наплата за сета неработа. Време е за предвремени парламентарни избори час поскоро.

Со почит,
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Поврзани вести

Арсовски: Цели 5 месеци Русковска, Јовевски, Заев си играат со интелигенцијата на граѓаните и се обидуваат да го прикријат најголемиот криминален скандал во Македонија

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...

Кирков: Негрижата и масакрот на било кое животно користејќи дури и единици на Армијата на Република Македонија е само одлика на владеењето на Влада кон заштитата на животинскиот свет

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Стефан Кирков Почитувани, Пред само 3...

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ ,Христијан Мицкоски оствари средба со Комесарот за европска соседска политика и преговори за проширување на Европската Унија, г. Јоханес Хан

Соопштение до јавноста Почитувани, Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ проф-др Христијан Мицкоски денес оствари средба со...