Мицкоски: Бев на средба со Орбан да лобирам за датум за преговори со ЕУ, сега комесарот за проширување доаѓа од партија пријател на ВМРО-ДПМНЕ

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во интервју за МТВ 2 вели дека неговата посета во Будимпешта и средбата со Орбан била за лобирање за датум за преговори со Европската Унија, бидејќи сега како што гледаме комесарот за проширување доаѓа од Фидеш која е пријател на ВМРО-ДПМНЕ.

Јас навистина жалам што навистина никој до сега, ниту еден медиум не ја постави вистинската теза зошто беше моето патување во Будимпешта пред неколку месеци. Јас тогаш кажав дека моето патување во Будимпешта беше токму да се сретнам со големиот пријател на Република Македонија, господинот Орбан, бидејќи многу веројатно, а денеска тоа се потврди дека идниот комесар за проширување и добрососедска политика ќе биде токму на предлог на неговата партија Фидеш која што е сестринска партија на ВМРО-ДПМНЕ, вели Мицкоски.

Тој посочи дека со тоа сака да ги демантира сите зли гласини и отровни стрели коишто мегафоните на власта ги упатуваат кон него, бидејќи лично како човек, но и ВМРО-ДПМНЕ има единствен приоритет, а тоа е Македонија да ја види интегрирана во рамките на Европската унија.

Тука нити имам јас дилема како човек бидејќи јас сум бил стипендист на влади на две силни европски државни. Ниту некогаш во животот ниту пак во иднина ќе скршнам од тој пат додека сум претседател на ВМРО-ДПМНЕ, политиките на ВМРО-ДПМНЕ ќе бидат водени во таа насока, потенцираше Мицкоски.

Тој нагласи дека за Република Македонија е добро што идниот комесар за проширување и добрососедска политика доаѓа од партија која што е сестринска на ВМРО-ДПМНЕ, партија која што е исклучително голем пријател на ВМРО-ДПМНЕ и на Република Македонија бидејќи е уверен дека ќе работи во насока на тоа да што побрзо граѓаните на Република Македонија и Македонија бидат дел од ЕУ.

Поврзани вести

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ поднесе иницијатива да се достави Законот за ратификација на Северно-атланскиот договор и на Пристапниот протокол за членството на Грција и Турција во Северно-атланската Алијанса (НАТО)

Интегрален текст од изјава за медиуми – Никола Мицевски, координатор на  ВМРО-ДПМНЕ во Собранието...

Мицкоски: Аферата Кеш го уклучува алармот за борба против криминалот, ќе поднесеме Закон за потекло на имот на политичари, бараме итна истрага за делувањето на обвинители и судии

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...

Мицкоски до просветните работници: Заев не ја зголемува вашата плата, туку ви одзема од вашата плата која ви е гарантирана со закон и колективниот договор во образованието

Интегрален текст од видео обраќање на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани наставници и...

Арсовски: Цели 5 месеци Русковска, Јовевски, Заев си играат со интелигенцијата на граѓаните и се обидуваат да го прикријат најголемиот криминален скандал во Македонија

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...

Кирков: Негрижата и масакрот на било кое животно користејќи дури и единици на Армијата на Република Македонија е само одлика на владеењето на Влада кон заштитата на животинскиот свет

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Стефан Кирков Почитувани, Пред само 3...