Јанушев: Си играте со правдата, затоа ќе одговарате

Освен „игнорирање” на правото од страна на Дескоска и кршењето на законот, за што ќе следува и кривичната одговорност за Јовески, за што пишував вчера, денес ќе продолжам и за одговорноста што треба да ја сноси и обвинителката Русковска.

Имено, Русковска со тоа што дозволи “допишување“ на Катица Јанева од притвор, стори кривично дело, бидејќи самото допишување е спротивно на Законот за кривичната постапка, односно е спротивно на член 178 став 5, каде е наведено:

„Притвореникот може да се допишува со лица надвор од затворот со знаење и под надзор на органот што ја спроведува истражната постапка. Овој орган може да забрани испраќање и примање писма и други пратки штетни за постапката.“

Русковска требаше веднаш да забрани вакви дописи да бидат испраќани од страна на Катица Јанева, бидејќи таа со истите овозможи незаконско преземање на предмети на ЈО од СЈО, а посебно и предмети за кои е осомничена дека ги злоупотребувала за политички притисоци и изнуда на пари.

После се ова, јасна е спрегата помеѓу криминално-рекетарската банда на СДСМ “на чело” со Заев, со Јовески и Русковска и оди во прилог на тезата за директната вмешаност на власта во случајот Рекет, а можеби и во други случаи „рекет 2, 3, 4 итн.

Си играте со правдата, затоа бидете подготвени да одговарате, зошто одговорност за ова незаконие ќе има и секој индивидуално ќе треба да се соочи со санкциите и правдата!

#КриминалноРекетарскаВлада
#Оставка
#ПредвремениПарламентарниИзбори

Напиша на Фејсбук, генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев.

 

Поврзани вести

Мицкоски до просветните работници: Заев не ја зголемува вашата плата, туку ви одзема од вашата плата која ви е гарантирана со закон и колективниот договор во образованието

Интегрален текст од видео обраќање на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани наставници и...

Арсовски: Цели 5 месеци Русковска, Јовевски, Заев си играат со интелигенцијата на граѓаните и се обидуваат да го прикријат најголемиот криминален скандал во Македонија

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...

Кирков: Негрижата и масакрот на било кое животно користејќи дури и единици на Армијата на Република Македонија е само одлика на владеењето на Влада кон заштитата на животинскиот свет

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Стефан Кирков Почитувани, Пред само 3...

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ ,Христијан Мицкоски оствари средба со Комесарот за европска соседска политика и преговори за проширување на Европската Унија, г. Јоханес Хан

Соопштение до јавноста Почитувани, Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ проф-др Христијан Мицкоски денес оствари средба со...