СДСМ наместо да вложува во развојни проекти нуди популистички мерки кои ќе доведат до крах и зголемување на сивата економија

Соопштение до јавноста, реакција на соопштението на СДСМ

СДСМ наместо да вложува во развојни проекти кои ќе ја движат македонската економија нуди популистички мерки без реална основа кои единствено ќе доведат до крах и зголемување на сивата економија.

Дури и од Сојузот на Стопански комори предупредија дека стопанството не е подготвено за вештачко и наметнато зголемување кое единствено ќе доведе до дисторзија на пазарот на труд.

Токму заради погрешните политики на оваа криминална власт на СДСМ имаме пад на бројот на работници во индустријата кој за една година е паднат за 2,5% односно на секои 100.000 работници, сега имаме 2.500 помалку.

Капиталните инвестиции кои можат да донесат развој веќе трета година со ред стагнираат, СДСМ повторно не можат да реализираат ниту половина од планираното и годинава тие изнесуваат мизерни 24,5%.

Дека СДСМ не знае да ја води економијата говори и нулата која ја добија од германските стопанственици, а исто така и фактот дека оваа година странските директни изнесуваат само  48,7 милиони евра, во исто време кога тие во соседна Србија  изнесуваат 1,7 милијарди евра. Тоа ни покажува дека СДСМ со нивните погрешни мерки единствено ги брка инвеститорите од Република Македонија.

Додека над 500.000 граѓани живеат под прагот на сиромаштијата и имаме падови кај сите економски параметри единствено во Македонија расте корупцијата кај власта и бизнисите со марихуана на Заеви.

Наместо економски бум добивме економска беда. Затоа итно се потребни предвремени парламентарни избори за оваа криминално рекетарска влада на СДСМ си замине и конечно Македонија и економијата да почнат да напредуваат.

Со почит,
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Поврзани вести

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ поднесе иницијатива да се достави Законот за ратификација на Северно-атланскиот договор и на Пристапниот протокол за членството на Грција и Турција во Северно-атланската Алијанса (НАТО)

Интегрален текст од изјава за медиуми – Никола Мицевски, координатор на  ВМРО-ДПМНЕ во Собранието...

Мицкоски: Аферата Кеш го уклучува алармот за борба против криминалот, ќе поднесеме Закон за потекло на имот на политичари, бараме итна истрага за делувањето на обвинители и судии

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...

Мицкоски до просветните работници: Заев не ја зголемува вашата плата, туку ви одзема од вашата плата која ви е гарантирана со закон и колективниот договор во образованието

Интегрален текст од видео обраќање на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани наставници и...

Арсовски: Цели 5 месеци Русковска, Јовевски, Заев си играат со интелигенцијата на граѓаните и се обидуваат да го прикријат најголемиот криминален скандал во Македонија

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...