Заев ја штити Јанева затоа што така го штити својот и криминалот на власта

Соопштение до јавноста

Јавното обвинителство и Љубомир Јовевски не можат да постапуваат по наредби на осомничената Јанева. Јовевски не смее да прима наредби од лице во притвор.

Дали доколку Јанева нареди приведување на Русковска од затвор Јовевски ќе постапува по однос на истото и ќе го процесуира до суд!?

Заев ја штити Јанева затоа што така го штити својот и криминалот на власта.

Пратеничката група на СДСМ треба да покаже доблест, доколку ја има и да постапи по предлогот на ВМРО-ДПМНЕ, за разрешување на Катица Јанева.

Со Јанева како официјален носител на функција од притвор и се остава простор за маневар и свесно давање наредба за дејствија со кои се прикриваат докази или се носи истрагата во друг правец.

Јанева е лицето преку кое е вршен милионскиот рекет за потребите на власта и таа не смее да има овластувања од политичко правна природа.

Дали СДСМ чека Јанева да преземе уште некое дејствие, по што ќе биде однесена истрагата во друг правец далеку од Зоран Заев и врвот на власта.

Собранието треба да постапи единствено по насока на веќе донесените одлуки на ЈО и Комисијата за избори и именувања на Собранието.

Секое одлагање на разрешувањето на Јанева е давање ветар во грб на криминалот.

Потребно е разрешување на Јанева веднаш, формирање на независно ЈО и распишување на предвремени парламентарни избори час поскоро.

 

 

Со почит,
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНE

Поврзани вести

Арсовски: Цели 5 месеци Русковска, Јовевски, Заев си играат со интелигенцијата на граѓаните и се обидуваат да го прикријат најголемиот криминален скандал во Македонија

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...

Кирков: Негрижата и масакрот на било кое животно користејќи дури и единици на Армијата на Република Македонија е само одлика на владеењето на Влада кон заштитата на животинскиот свет

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Стефан Кирков Почитувани, Пред само 3...

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ ,Христијан Мицкоски оствари средба со Комесарот за европска соседска политика и преговори за проширување на Европската Унија, г. Јоханес Хан

Соопштение до јавноста Почитувани, Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ проф-др Христијан Мицкоски денес оствари средба со...