СДСМ и Зоран Заев купуваат време, но не може вечно да ја штитат Катица Јанева

Соопштение до јавноста
Парламентарното мнозинство и Талат Џафери одбија да свикаат итна седница за разрешување на Катица Јанева, на барање на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ.
СДСМ и Зоран Заев очајно на секој начин пробуваат да ја спасат Катица Јанева.
Изговорот на Талат Џафери и парламентарното мнозинство за несвикување на итна седница за разрешување на осомичената Катица Јанева е очаен, смешен и спротивен на Деловникот на Собранието.
Согласно член 67, став 2 од Деловникот на Собранието, седница може да се свика по барање на најмалку 20 пратеници, а согласно член 68, став 2 во итни случаи седницата се закажува во пократок рок од десет дена, а дневен ред со материјали може да се предложи на самата седница.
Образложението за не свикување на седницата бидејќи нема материјал не е точно. Пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ заедно со барањето за свикување на итната седница достави и материјал за истата.
Изговорите на СДСМ и Талат Џафери дека нема материјал се само уште еден очаен обид да ја заштитат Катица Јанева и криминалот на оваа власт.
Веќе на целата јавност и е јасно, СДСМ и Зоран Заев мора да ја заштитат Катица Јанева од разрешување, бидејќи со штитење на Катица Јанева се штитат самите себеси.
СДСМ и Зоран Заев купуваат време, но не може вечно да ја штитат Катица Јанева.
Во прилог до јавноста ги доставуваме барањето и материјалот за свикување на итна седница кои Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ ги достави до Талат Џафери, како и образложението на Талат Џафери за не свикување на седицата.
Со почит,
ПГ на ВМРО-ДПМНЕ