Поради Заев и СДСМ се повеќе граѓани и бизниси се доведени до питачки стап

Соопштение до јавноста, реакција на соопштението на СДСМ

СДСМ се обидува преку лажни бројки да го прикрие катастрофалниот пад на македонската економија.

СДСМ и Заев откако се на власт, економијата е на дното, а граѓаните се повеќе сиромашни. А, власта буџетот го троши на популистички мерки со краток ефект наместо на развојни проекти како што се капиталните инвестиции.

Владата на Зоран Заев  за првите 7 месеци од 2019 година има реализирано мизерни 24,5 капитални инвестиции. Дури кога земјите од регионот имаат рекорден раст, Македонија со СДСМ има рекорден пад од дури 84,2% за периодот јануари – јуни во однос на ланската година.

Економијата секојдневно се повеќе тоне. Околу  500.000 граѓани живеат под прагот на сиромаштијата. Со оваа влада единствено расте корупцијата и јавниот долг кој надмина дури неверојатни 5 милијарди.

Дури не зачудува што министрите не знаат да набројат колку инвестиции има во Македонија, бројките говорат дека за  оваа година  има само три. Комисијата за заштита на конкуренцијата до сега објави за само три владини известувања за помош на странски инвестиции во првата половина од 2019, што потврдува дека ланското темпо кое беше наметнато на ова поле оваа година опаднува.

Протокот на странски директни инвестиции во првата година во Македонија е 55,6 милиони евра според податоците на Народна банка. А, само во јуни изнесуваат 5,7 милиони евра.

Со СДСМ граѓаните не добија економска година како што ветуваа СДСМ и Заев. Граѓаните веќе трета година добиваат економско фијаско. Се повеќе граѓани и бизниси се доведени до питачки стап.

Час поскоро неопходни се предвремени парламентарни избори за да оваа криминална власт си замине и  македонската економија започне да напредува.

Поврзани вести

Арсовски: Цели 5 месеци Русковска, Јовевски, Заев си играат со интелигенцијата на граѓаните и се обидуваат да го прикријат најголемиот криминален скандал во Македонија

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...

Кирков: Негрижата и масакрот на било кое животно користејќи дури и единици на Армијата на Република Македонија е само одлика на владеењето на Влада кон заштитата на животинскиот свет

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Стефан Кирков Почитувани, Пред само 3...

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ ,Христијан Мицкоски оствари средба со Комесарот за европска соседска политика и преговори за проширување на Европската Унија, г. Јоханес Хан

Соопштение до јавноста Почитувани, Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ проф-др Христијан Мицкоски денес оствари средба со...