Мицкоски: Секој кој се огрешил пред законот, треба да одговара

Секој што се огрешил пред законот и сторил кривично дело низ една фер транспарентна судска постапка треба да биде докажано и да има осудителна или ослободителна пресуда. Секој политичар што се одлучил да се заканува, да притиска новинари, медиуми итн. исто така треба да сноси одговорност. Јас во овие нешто повеќе од дваесетина месеци не сум си дозволил на таков начин да комуницирам со медиумите. Доколку ја добијам довербата од граѓаните и ја предводам Владата на Македонија, тогаш се надевам дека ќе имате можност да споредувате каков ќе биде мојот однос како премиер со медиумите, каков бил на Зоран Заев, каков бил на Никола Груевски, на Љубчо, на Бранко…, вели претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во интервјуто за неделникот „Фокус“.

Мицкоски смета дека случаите од „бомбите“ дека политички мотивирани бидејќи, како што вели,  Специјалното јавно обвинителство, кое што требаше да биде резултат на тој процес каде што беа објавувани тие нелегално снимени материјали, и како таков тој резултат требаше да гарантира правда, почитување на законите, уставот на оваа држава.

-И мојот одговор сега ќе го поделам, покрај овој вовед, во два дела. За првиот дел еве ќе ви дадам пример, да излезеше притвореничката сега, а тогаш специјален јавен обвинител Катица Јанева и да каже отпочнавме предистрага за Христијан Мицкоски. Но, од ова што до сега го имаме како материјал прибавено констатираме дека нема потреба и нема индиции за истраги и за обвинение и да го затвори случајот. Втор случај. Повторно пресконференција отпочнавме предистрага за Христијан Мицкоски и врз основа на ова што го констатиравме има услови да предистагата премине во истрага, а потоа ќе ја информираме јавноста дали од таа истрага имаме доволно докази за обвинение или немаме. Трет пример. Отпочнавме истрага којашто се базира на предистрагата за Христијан Мицкоски и констатиравме дека имаме докази за сторено кривично дело и го поднесуваме обвинението за тоа и тоа сторено кривично дело, објаснува тој.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ додава дека не може специјалниот јавен обвинител секогаш на пресконференија да излегува и да лицитира со имиња и да нарушува пресумпција на невиност и практично да ги осудува луѓето, а притоа да не ја информира јавноста дали има предистрага или истрага.

-Не може во се да има криминал. Мора да постојат докази за некаде каде што нема сторено криминал.Што значи дека се изгуби објективноста. Понатаму, имам сведочења од пратеници коишто практично биле предмет на обработка на Катица Јанева во процесот на уставните измени. Подготвени се да го потврдат тоа секаде. Јас лично бев жртва на нејзина уцена кога Катица Јанева во нејзината канцеларија ме уценуваше да гласам за СЈО за да ми го одмрзне имотот. Тоа е трговија со правото и конечно на крај, сведоци сме на најголемиот скандал во поновата историја на Република Македонија „Рекет“, каде што со очи македонската јавноста можеше да ги види парите во куферот и да ја слушне Катица Јанева дека се ќе било ОК. Зарем вие мислите дека овие, Бојан Јовановски, Катица Јанева и останатите учесници сами можеле ова да го направат? Јас ви гарантирам…, нагласува Мицкоски во интервјуто.

Поврзани вести

Арсовски: Цели 5 месеци Русковска, Јовевски, Заев си играат со интелигенцијата на граѓаните и се обидуваат да го прикријат најголемиот криминален скандал во Македонија

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...

Кирков: Негрижата и масакрот на било кое животно користејќи дури и единици на Армијата на Република Македонија е само одлика на владеењето на Влада кон заштитата на животинскиот свет

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Стефан Кирков Почитувани, Пред само 3...

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ ,Христијан Мицкоски оствари средба со Комесарот за европска соседска политика и преговори за проширување на Европската Унија, г. Јоханес Хан

Соопштение до јавноста Почитувани, Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ проф-др Христијан Мицкоски денес оствари средба со...