Мицкоски: Истрагата за „Рекет“ е се само не е објективна постапка

Мицкоски не верува дека истрагата за случајот „Рекет“, во кој осомничени се Бојан Јовановски – Боки 13, Зоран Милевски – Кичеец и Катица Јанева, е објективна.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во интервју за неделникот „Фокус“ посочува дека досега се видело дека објективност нема.

-Јас ви гарантирам ако истрагата е објективна, а до сега гледаме дека е се само не е објективна, бидејќи ако случајот бил пријавен до премиерот од страна на жртвата во месец мај, а ние ги имаме приведувањата во август, па ни требаше Катица Јанева да се врати од сончање од плажите кај нашиот јужен сосед и да ги уништи телефоните, односно форензички да ги избрише, самото тоа реферира дека ние денеска немаме честита и непристрасна истрага. Но, еве, да речеме дека истрагата ќе се води како што треба, тогаш ќе видите дека ниту „Лобутин“ кондурчињата биле за бадијала, ниту, пак, оние спектакли што ги организираше Меѓународниот сојуз. Па, видете има ли поголема потврда од следнава какафонија. Излегува онаа жена, ќе ми простите ѝ го заборавив името, вели дека Силјан Мицевски за идејата ѝ платил 720.000 евра, а Силјан Мицевски пред суд дава изјава за медиумите дека он не ги дава на жената, туку ги префрлил на сојузот, посочува Мицкоски во интервјуто за „Фокус“.

Поврзани вести

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ поднесе иницијатива да се достави Законот за ратификација на Северно-атланскиот договор и на Пристапниот протокол за членството на Грција и Турција во Северно-атланската Алијанса (НАТО)

Интегрален текст од изјава за медиуми – Никола Мицевски, координатор на  ВМРО-ДПМНЕ во Собранието...

Мицкоски: Аферата Кеш го уклучува алармот за борба против криминалот, ќе поднесеме Закон за потекло на имот на политичари, бараме итна истрага за делувањето на обвинители и судии

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...

Мицкоски до просветните работници: Заев не ја зголемува вашата плата, туку ви одзема од вашата плата која ви е гарантирана со закон и колективниот договор во образованието

Интегрален текст од видео обраќање на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани наставници и...

Арсовски: Цели 5 месеци Русковска, Јовевски, Заев си играат со интелигенцијата на граѓаните и се обидуваат да го прикријат најголемиот криминален скандал во Македонија

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...