Мицкоски: Ако Заев верува во неговите анкети, тогаш ајде на избори па народот да одлучи

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во интервју за неделникот ФОКУС одговараше на прашања за актуелната политичка ситуација во Македонија. Тој беше запрашан околу барањето за предвремени избори, еве што одговори:

ФОКУС: Инсистирате на предвремени избори, дури и таа тема беше услов за да се оствари лидерската средба. Убедени сте дека ќе победите, иако според анкетата што ја објави СДСМ тие се во водство околу три проценти?

МИЦКОСКИ: Нашите анкети, но и оние објективните, велат дека доколку во моментов би имало предвремени парламентарни избори, предноста на ВМРО-ДПМНЕ ќе биде минимум сто илјади разлика во однос на гласовите што би ги освоил СДСМ.Така што има еден и единствен начин да се докаже дали ние ја говориме вистината или пак Зоран Заев. Тоа е народот на предвремени парламентарни избори да даде суд за тоа кој е во право. Ние како ВМРО-ДПМНЕ, и покрај сите скандали што во изминатиов период се случуваа, почнувајќи од она однесување на еден градоначалник кој практично на столче, прилично директно разговара со дел од вработените во општината, па дури на моменти е насилен и применува физичка сила. Потоа гледавме како пратеник од владејачкото мнозинство, кој порачува/поседува забранети супстанции, без разлика дали тоа се опојни дроги или масло од канабис, за понатаму да го видиме оној несреќен тендер на генералниот секретар Рашкоски со низа епитети што ги подели за нашите сојузници јужно од екваторот, што би рекол тој, па сè до овојнајголем скандал од независноста, од 1991, па наваму, а тоа е скандалот „Рекет“.

Поврзани вести

Арсовски: Цели 5 месеци Русковска, Јовевски, Заев си играат со интелигенцијата на граѓаните и се обидуваат да го прикријат најголемиот криминален скандал во Македонија

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...

Кирков: Негрижата и масакрот на било кое животно користејќи дури и единици на Армијата на Република Македонија е само одлика на владеењето на Влада кон заштитата на животинскиот свет

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Стефан Кирков Почитувани, Пред само 3...

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ ,Христијан Мицкоски оствари средба со Комесарот за европска соседска политика и преговори за проширување на Европската Унија, г. Јоханес Хан

Соопштение до јавноста Почитувани, Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ проф-др Христијан Мицкоски денес оствари средба со...