Арсовски: Спремни сме за избори уште веднаш, само нека изгласаат во Собранието

Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски во гостувањето во емисијата „Патот кон“ на телевизија Алсат ја фрли ракавицата и ја повика власта да распише предвремени парламентарни избори уште веднаш. Во студиото заедно со Арсовски беа и двајца претставници на владеачкото мнозинство, пратениците Артан Груби и Костадин Костадниов на кои тој им посочи дека можат уште денес да закажат седница и да изгласаат предвремени парламентарни избори.

-Еве во оваа емисија ја фрлам ракавицата двајца претставници од парламентарното мнозинство се тука нека закажат седница нека изгласаат предвремени парламентарни избори уште денес или утре. На нив оставам, имаат влијание и двајцата во своите парламентарни групи нека изгласаат. Еве чекаме. Да видат дека сме искрени во намерите. Сулудо е да говориме за рејтинзи дека биле во корист на СДСМ, јасно е рејтингот на СДСМ одамна е стопен, одамна е јасно дека ја изгубија поддршката кај граѓаните и доколку се сигурни во својот рејтинг после сите криминални случаи, нека повелат уште денес, уште утре нека изгласаат предвремени парламентарни избори, вели Арсовски.

Поврзани вести

Арсовски: Цели 5 месеци Русковска, Јовевски, Заев си играат со интелигенцијата на граѓаните и се обидуваат да го прикријат најголемиот криминален скандал во Македонија

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...

Кирков: Негрижата и масакрот на било кое животно користејќи дури и единици на Армијата на Република Македонија е само одлика на владеењето на Влада кон заштитата на животинскиот свет

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Стефан Кирков Почитувани, Пред само 3...

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ ,Христијан Мицкоски оствари средба со Комесарот за европска соседска политика и преговори за проширување на Европската Унија, г. Јоханес Хан

Соопштение до јавноста Почитувани, Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ проф-др Христијан Мицкоски денес оствари средба со...