Зоран Заев седум часа се бореше да нема договор зошто ќе треба да одговара и да се соочи со правдата

Од лидерската средба едно е јасно. Зоран Заев 7 часа, до рано изутрина се бореше да не одговара за Рекет, за поткуп, за матните тендери на неговата криминално-рекетарска банда. Таа лидерска за него и неговите луѓе значеше борба за спас од криминалот кој го прават и затоа тие го гушат и судството и обвинителството.

Зоран Заев 7 часа се бореше да нема договор зошто ќе треба да одговара и да се соочи со правдата и нема тука некоја посебна демагогија, човекот до гуша е во криминал и затоа се бори да си го задржи и надгради компромитираното СЈО, Рускоска обвинителството, да има Совет на обвинители под команда на Јовевски и Врховен суд целосно пасивизиран и под контрола на СДСМ.

И ајде по ред, според Заев, ВМРО-ДПМНЕ бара предметите на СЈО да бидат ставени под наша контрола, во обвинителство предводено од обвинител избран од нас, за потоа да истите да исчезнат. 😮

Небулоза.

Заев и СДСМ предлагаат сите обвинители од тимот на Катица Јанева да влезат во новото Обвинителство, додека ВМРО-ДПМНЕ бара новиот тим на обвинители да се избере од Советот на обвинители, а не од политичките лидери и партиите. ВМРО-ДПМНЕ, исто така, бара тимот на Јанева да биде вратен на претходните работни места и да има право да аплицира за да стане дел од новото обвинителство, како и сите други обвинители во Република Македонија.

Истовремено, предлогот на Заев и СДСМ е новото обвинителство да има надлежност само за нови предмети по донесување на Законот, т.е да се амнестираат за досегашниот криминал, а ВМРО-ДПМНЕ бара да има надлежност без било какви временски ограничувања.

На Заев “му се измешале брзините”!

И, додека се случува целата оваа шарада предводена од водачот на криминално-рекетарската банда на СДСМ – Зоран Заев, ВМРО-ДПМНЕ бара разрешување на Катица Јанева, и тоа една недела од заклучокот на Комисијата за избори и именувања, каде едногласно беше прифатено барањето на Советот на јавни обвинители да ја разреши Јанева поради непрофесионално, незаконско и неодговорно работење, кое СДСМ го одбива, а меѓу тие што гласаа да не се разреши се и пратениците Александар Кирацовски и Фросина Ременски.

И реакцијата на “генијалните ПР умови” на СДСМ е да го обвинат ВМРО-ДПМНЕ дека застанало на страната на криминалот затоа што сме побарале разрешување! 😲🤫

Дека го имаат изгубено “тлото под нозе” и не знаат “која страна да ја фатат” говори и (не)успешниот обид преку инстант активирање на своите “непартиски аналитичари” да застанат во одбрана на неодбранливото. Истурија кофи невистини само да го спасат вождот да не им оди во затвор.

Така, еден од овие аналитичари “мудро” коментира:

“Инсистирањето на предвремени парламентарни избори, во основа, мора да биде поврзано со некаква сериозна општествена, политичка или социјална криза, не може да биде предмет на опортунитет на опозицијата”!

Сме имале ли поголема криза во буквално секоја пора од Македонското општество???

П.С. – ова само им го одложува за некој месец, но не им го решава проблемот за соочување со правдата. И да за крај, голем, огромен поздрав до “свиркачите”! 😉

#Оставка
#ПредвремениПарламентарниИзбори

Поврзани вести

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ поднесе иницијатива да се достави Законот за ратификација на Северно-атланскиот договор и на Пристапниот протокол за членството на Грција и Турција во Северно-атланската Алијанса (НАТО)

Интегрален текст од изјава за медиуми – Никола Мицевски, координатор на  ВМРО-ДПМНЕ во Собранието...

Мицкоски: Аферата Кеш го уклучува алармот за борба против криминалот, ќе поднесеме Закон за потекло на имот на политичари, бараме итна истрага за делувањето на обвинители и судии

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...

Мицкоски до просветните работници: Заев не ја зголемува вашата плата, туку ви одзема од вашата плата која ви е гарантирана со закон и колективниот договор во образованието

Интегрален текст од видео обраќање на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани наставници и...

Арсовски: Цели 5 месеци Русковска, Јовевски, Заев си играат со интелигенцијата на граѓаните и се обидуваат да го прикријат најголемиот криминален скандал во Македонија

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...