ВМРО-ДПМНЕ бара итна седница со единствена точка на дневен ред, разрешување на осомничената специјална јавна обвинителка Катица Јанева

Интегрален текст од изјава за медиуми – Никола Мицевски, координатор на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ

Почитувани,

Денеска пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, согласно Деловникот побара итна седница со единствена точка на дневен ред, разрешување на осомничената специјална јавна обвинителка Катица Јанева.

Согласно член 67 став (2) и член 68 став (2) од Деловникот на Собранието, по барање на 20 пратеници господинот Талат Џафери треба да свика итна седница на која на дневен ред ќе биде разрешувањето на Катица Јанева и тоа инсистираме да биде денес, а не како што најави Талат Џафери за два или три дена, туку денес веднаш да биде свикана итна седница, за да има време Советот на јавни обвинители да го разгледа предлогот и да ја разреши Kатица Jанева.

Парламентарното мнозинство предводено од СДСМ вчера наместо на страната на правдата застана во одбрана на криминалот и рекетот.  Јавноста беше сведок како СДСМ и Талат Џафери ја спасија осомничената Катица Јанева. Предлогот на ВМРО-ДПМНЕ да се стави на дневен ред како прва точка, разрешувањето на осомничената Катица Јанева беше експресно одбиен.

Очигледно СДСМ и Зоран Заев не смеат да ја разрешат Катица Јанева, бидејќи тие се поврзани во најголемата рекетарска афера во Република Македонија.

СДСМ и Зоран Заев се должни пред јавноста да дадат одговори на следните прашња.

Зошто СДСМ не сакаат да биде разрешена Катица Јанева иако тоа веќе е констатирано од страна на Советот на јавни обвинители и од Комисијата за прашња на изборите и именувањата ?

Дали Владата на Зоран Заев е во координација и синхронизација со самата Катица Јанева, обвинителката Вилма Рускоска и државниот јавен обвинител Љубомир Јовески и се дел од планот за спас на Катица Јанева?

Дали со штитењето на Катица Јанева се штитат и високи функционери на СДСМ?

СДСМ и Зоран Заев не може да избегаат од овие прашња колку и да се обидуваат, ниту со тужби ниту со закани. Одговор на овие прашања мора да има.

Ги повикуваме пратеници на СДСМ и владеачкото мнозинство да застанат на страна на законот и правдата и да гласаат за разрешување на осомничената Катица Јанева.

Апелираме и до парламентарното мнозинство и господинот Џафери да престанат со тактизирање и  уште денес да се свика итна седница и осомничената Катица Јанева да биде разрешена од нејзината функција за да може да се остави простор до 15 септември да се избере нов специјален обвинител.

Првиот чекор до правна држава е разрешувањето на специјалната обвинителка која вршела рекет Катица Јанева.

Доколу не се случи тоа очигледна е намерата на Зоран Заев и владеачкото мнозинство да не дозволат разрешување на Катица Јанева за незаконско, нестручно и носовесно работење согласно предлогот на Советот на јавно обвинители и Комисијата за прашања на изборите и именувањата, туку со истекот на времето за кое што е избрана да и престане мандатот.

СДСМ и Зоран Заев не може вечно да ја штитат Катица Јанева.

Поврзани вести

Стаменковска-Стојковски до Манчевски: Вашиот страв и паника е очигледен и тоа нема да ме спречи да се обидам да ги заштитам институциите

Дамјан Манчевски денеска обвини дека министерката Невенка Стаменковска-Стојковски покажува елементарно непознавање на нејзините надлежности....

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ поднесе иницијатива да се достави Законот за ратификација на Северно-атланскиот договор и на Пристапниот протокол за членството на Грција и Турција во Северно-атланската Алијанса (НАТО)

Интегрален текст од изјава за медиуми – Никола Мицевски, координатор на  ВМРО-ДПМНЕ во Собранието...

Мицкоски: Аферата Кеш го уклучува алармот за борба против криминалот, ќе поднесеме Закон за потекло на имот на политичари, бараме итна истрага за делувањето на обвинители и судии

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...

Мицкоски до просветните работници: Заев не ја зголемува вашата плата, туку ви одзема од вашата плата која ви е гарантирана со закон и колективниот договор во образованието

Интегрален текст од видео обраќање на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани наставници и...