Со каков раст се фали Сугарески кога реализацијата на капиталните инвестиции за првата половина од 2019 е помалку од 20%

Соопштение до јавноста – реакција на изјавата на Горан Сугарески

На граѓаните им е доста од празните флоскули и лагите и манипулациите кои им ги сервира власта. Со каков раст се фали министерот Сугарески кога реализацијата на капиталните инвестиции за првата половина од 2019-та година е помалку од 20 проценти. Со ребалансот на буџетот власта скрати неверојатни 50 милиони евра кои беа наменети за реализација на капитални инвестиции.

За каква економска година говори министерот Сугарески кога повеќе од 60 проценти од македонските граѓани не можат да си дозволат да заминат на годишен одмор, а повеќе од 500 илјади граѓани живеат во сиромаштија. Доколку годинава беше економска и економијата блескаше како што знае да се пофали Заев, немаше во еден ден од Делчево да си заминат илјада жители во потрага по подобар живот надвор од Македонија.

Доколку оваа власт донесеше живот како што ветуваше, немаше повеќе од 80 проценти од младите да бараат начин како да си заминат од Македонија.

Да имаше градежна офанзива истата граѓаните ќе ја видoа.

Со пофалбите кои си ги упатуваат кон самите себе владините претставници не го подобруваат животот на граѓаните. Власта може колку сака да бега од соочување со граѓаните. За неработата, неспособноста и криминалот, граѓаните ќе го казнат СДСМ на следните парламентарни избори.

 

 

 

  Со почит,
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Поврзани вести

Арсовски: Цели 5 месеци Русковска, Јовевски, Заев си играат со интелигенцијата на граѓаните и се обидуваат да го прикријат најголемиот криминален скандал во Македонија

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...

Кирков: Негрижата и масакрот на било кое животно користејќи дури и единици на Армијата на Република Македонија е само одлика на владеењето на Влада кон заштитата на животинскиот свет

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Стефан Кирков Почитувани, Пред само 3...

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ ,Христијан Мицкоски оствари средба со Комесарот за европска соседска политика и преговори за проширување на Европската Унија, г. Јоханес Хан

Соопштение до јавноста Почитувани, Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ проф-др Христијан Мицкоски денес оствари средба со...