Мицкоски до власта: Тука сум апсете, тоа нема да им помогне да останат на власт

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во своето гостување во вестите на телевизија 24 по се погласните закани од страна на обвинителството и власта за кривична одговорност откако тој на прес конференција изјави дека ги поседува исказите од истрагата за „Рекет“, порача дека не се плаши и дека е тука доколку власта се одлучи да го апси.

Тој истакна дека доколку истрагата за ,,Рекет“ и натаму се забошотува, опозицијата ќе ги објави исказите на сведоците добиени од свиркач.

-До овој момент немам добиено никава покана од обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција, но во епицентарот на заевизмот од Зоран Заев, Вилма Русковска и Кацарска очекувам да Зоран Заев нареди, Вилма Русковска испорача, а Кацарска пресуди. Така што тука сум, гонете, обвинувајте, апсете, вели Мицкоски. Претсседателот на ВМРО-ДПМНЕ потенцира дека тој на никаков начин не влијаел на истрагата. -Доколку ние бевме Зоран Заев и организиравме воајерски шоуа кога ќе ги емитувавме тие документи, тогаш можеби би влијаеле на истрагата, додаде тој.

Поврзани вести

Арсовски: Цели 5 месеци Русковска, Јовевски, Заев си играат со интелигенцијата на граѓаните и се обидуваат да го прикријат најголемиот криминален скандал во Македонија

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...

Кирков: Негрижата и масакрот на било кое животно користејќи дури и единици на Армијата на Република Македонија е само одлика на владеењето на Влада кон заштитата на животинскиот свет

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Стефан Кирков Почитувани, Пред само 3...

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ ,Христијан Мицкоски оствари средба со Комесарот за европска соседска политика и преговори за проширување на Европската Унија, г. Јоханес Хан

Соопштение до јавноста Почитувани, Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ проф-др Христијан Мицкоски денес оствари средба со...